Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува делегација на Воениот комитет на НАТО, предводена од адмирал Џампаоло Ди Паола. Делегацијата ќе биде пречекана од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски. За време на престојот, адмиралот Ди Паола ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Коњановски. На средбата пред адмиралот Ди Паола ќе бидат презентирани динамичниот план за развој на одбраната, достигнатиот степен на реформи во АРМ, како и учеството во мисии надвор од Република Македонија и ангажирање за во иднина. За време на посетата, пре…
Преговарачите во спорот меѓу Грција и Македонија за името ќе се сретнат во декември. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Грција Дора Бакојани во Брисел, каде учествуваше на средбата на НАТО.Според министерката месецов грчкиот преговарач Адамантиос Василакис ќе се сретне со новиот преговарач од Македонија Зоран Јолевски. Засега нема информации каде ќе се одржи средбатаМинистрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО вчера ги потврдија заклучоците од самитот во Букурешт, дека Македонија ќе стане членка по решение на спорот за името со јужниот сосед. {loadposition content9}
Македонска делегација од денеска ќе учествува на дводневната 16-та по ред Сесија на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки.Делегацијата ја предводи министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој ќе има свое обраќање на пленарната сесија.Според најавите, на маргините на министерскиот состанок за денеска е предвидено да се одржи состанок на земјите од Јадранската Повелба во проширен состав, меѓу кои САД, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина на кој ќе присуствува и Србија во својство на земја набљудувач, како и земјите поддржувачи на иниција…
Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”, ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември. Во рамки на прославата, Советот ќе му додели Златна плакета на премиерот Никола Груевски, за неговото лично ангажирање за помош, поддршка и дефинирање на социјалниот статус на лицата со инвалидност. На ДХО „Даре Џамбаз”, пак, ќе му биде врачена благодарница и статуа „Мајка Тереза”. Со пригодна програма ќе настапат ученици од посебните училишта во Скопје „Димитар Влахов”, „Партенија Зографски” и „д-р Злата…
Штрајкот на СОНК, што започна минатиот понеделник, заврши и училиштата од денеска продолжуваат со редовна настава. Ваква одлука доцна синоќа донесе Советот на СОНК на седницата, на која присуствуваа и министрите за образование и култура, Перо Стојановски и Елизабета Канчевска-Милевска и заменик-министерот за труд и социјала Спиро Ристевски.Од СОНК информираат дека на седницата била потпишана Спогодбата и колективните договори за основно и средно образование.Прифатени се и барањата за зголемување на надоместокот за храна и превоз кои ќе се важат од јуни 2009 година, односно ќе влезат во брут…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Брисел пред пратеници во Европскиот парламент и други европретставници ќе ги презентира активностите што ги презема Република Македонија за интегрирање во Европската унија.Боцевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Потеринг, со европарламентарците Дорис Пак, Ханес Свобода и Ерик Мејер, кој е известувач на Европараламентот за Македонија. Македонскиот вицепремиер за европски прашања ќе има обраќање пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент при што ќе го претстави Акциониот пл…
Ноќеска во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот.Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.Поместувањето на стрелките во Западна Европа воведено е на почетокот на 70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилаго…
Акцискиот план за реализација на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година, денеска ќе биде претставен во Брисел.Акцискиот план ќе го претстави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, кој ќе има излагање на Комитетот за надворешни прашања при Европскиот парламент.За секоја препорака е предвидена посебна мерка и рок за нејзино исполнување, рече Боцевски на вчерашната прес конференција одржана во Скопје. „Македонија има капацитет утре да ги почне преговорите со Европската унија“, изјави вчера Боцевски.Според најави…