Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Унгарија. Шефот на македонската држава во Будимпешта ќе се сретне со неговиот домаќин претседателот на Унгарија Ласло Шојом, со кого е планирано да има тет а тет средба, по што ќе биде одржан и пленарен состанок на двете делегации.Претседателот Црвенковски ќе се сретне и претседателката на унгарскиот Парламент Катлин Сили, како и со градоначалникот на Будимпешта Габор Демски, а ќе положи и венец на Споменикот на унгарските херои. {loadposition content9}
Утре (15 март) е последен ден за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите што граѓаните ги оствариле во 2017 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).Оттаму исто така информираат дека законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, која се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.Според последните податоци, поднесени се 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште 100 илјади граѓани да ја испол…
Висока делегација на Министерството за одбрана(МО) на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Коњановски, денеска ќе отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави. Во составот на делегацијата, како што е соопштено, се и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Мирослав Стојановски и државниот секретар Петар Есмеров. Македонската делегација во Вашингтон ќе ги реализира четвртите по ред Билатерални консултации од областа на одбраната. Билатералните одбранбени консултации се реализираат секоја година во рамките на билатералната соработка со С…
Три и пол години затвор заработи поранешниот министер за одбрана и поранешен премиер Владо Бучковски, поради злоупотреба на службената положба.Иста затворска казна заработи и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски.Другите тројца во случајот со набавка на резервни делови за армиските тенкови, Ацо Ѓурчевски, Нелко Менкиновски и Митре Петковски добија по три години затвор.„Одлуката најблаго речено е скандалозна. Ние правната битка ја добивме во судницата… Во изминатите 13 месеци во целост докажавме дека јас и другите обвинети сме невини. Но очигледно, коректноста на …
Во Македонија денеска започнува одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вечер ќе се одржи дванаесетата ораторска вечер „Иво Пухан“. Утре ќе се одржи академија на која ќе зборува американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, а настап ќе има и најдобриот оратор.Во организација на невладината организација „Цивил“ денеска во Младинскиот културен центар ќе биде организирана целодневна манифестација по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и 60 години од универзалната Декларација за чов…
Укинувањето на визите за македонските граѓани зависи од името, изјави синоќа во Брисел шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер, чија земја го привршува претседавањето со ЕУ.Без разлика дали станува збор за напредокот кон ЕУ или за укинување на визниот режим Македонија треба да го реши спорот за името со Грција, неколку пати повтори Кушнер на конференција за новинари во Брисел, пренесе Алсат-М телевизија.„Не можам, а да не додадам дека проблемот на Македонија е името. И искрено можете да ми поставувате прашања за визите или за напредокот, се додека не го решите проблемот со името, чук…
Втора година по ред Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија. По повод празникот, во Собранието денеска ќе биде врачена наградата „Св. Климент Охр…
Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри …