Со централна свеченост во Домот на АРМ под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“, македонското Министерството за надворешни работи и повеќе странски дипломатско конзуларни претставништва, денес се одбележуваат 15-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со 13 европски држави. Како што истакна на денешната прес конференција заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров предвидено е на свеченоста да се обрати македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, а во име на странските дипломати ќе говорат доајенот на дип…
Во сите аптеки од денеска наместо белите рецепти за лековите што се на товар на државата, ќе важат нови, во розова и во зелена боја.Розовите рецепти се наменети за антибиотици и за други препарати за акутни болести, како и за лекови за хронично болните.На зелените рецепти ќе се препишуваат лекови што содржат опојни дроги, како што се фенобарбитон, морфиум, метадон.Со рецептите во боја ќе стартува и долгонајавуваниот рецепт за хроничните пациенти, кој исто така ќе биде розов.Предвиден е преоден период за важноста на старите бели рецепти додека не се потрошат залихите.Новите рецепти, освен по…
Лековите што се на товар на државата, од среда наместо на бели како досега, ќе се препишуваат на рецепти во розова и во зелена боја.Согласно новиот правилник, розовите рецепти ќе бидат наменети за антибиотици и за други препарати за акутни болести, како и за лекови за хронично болните. На зелените рецепти ќе се препишуваат лекови што содржат опојни дроги, како што се фенобарбитон, морфиум, метадон.Со рецептите во боја ќе стартува и долгонајавуваниот рецепт за хроничните пациенти, кој исто така ќе биде розов.Според најавите на надлежните, меѓу новите и старите рецепти ќе има преоден период. …
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Загреб ќе се сретне со хрватскиот министер за море, транспорт и инфраструктура, Божидар Калмета.На средбата, министерот Јанакиески и неговиот хрватски колега ќе разговараат за продолжување на меѓусебната соработка и реализација на идни заеднички проекти од областа на транспортот и врските. Во текот на посетата на Загреб, делегацијата предводена од македонскиот министер Јанакиески ќе се сретне и со претставници од „Хрватски патишта“. {loadposition content9}
Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, при што според најавите ќе оствари одделни средби со македонскиот државен врв.Предвидено е Станишев да биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, а ќе оствари и ткте-а-ткте средба со премиерот Никола Груевски.Како што соопшти владината прес служба, на платото пред Владата, ќе биде организирана церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести за бугарскиот премиер Станишев. Бугарските медиуми најавија дека во агендата на Станише…
Реконструирани 20 мостови во Македонија денеска напладне свечено ќе бидат пуштени во употреба.Свеченоста, како што е соопштено, ќе се одржи на магистралниот пат М1 на делницата Демир Капија – Гевгелија во близина на мостот Б-122.Обраќање пред присутните ќе имаат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, Бригадниот генерал на Штабот на НАТО во Скопје Стојан Генков и претставникот на Агенцијата на НАТО за одржување и снабдување Руи Родригез.Мостовите се реконструирани во рамките на втората фаза од проектот за санација и зајакнување на мостовите во Македонија, кој се спроведува во сор…
Со 64 гласа мнозинството го донесе Законот за јазиците. Претходно дојде до инцидент помеѓу Џафери и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во обид тој да му ја одземе картичката на претседателот на парламентот. Со вода беше испрскан претседателот Џафери од Груевски кога спикерот почна да ја отвора расправата за Законот за употребата на јазиците.
Веднаш интервенираше собраниското обезбедување откако Груевски и уште неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ се втурнаа кон Џафери.По интервенција на обезбедувањето, Џафери ја напушти салата.Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМН…
Главниот извршен директор на T- Мобиле Мајкл Лоренс вели дека не може да излегува со коментари за истрагата на МВР за проневерата во „Македонски телеком“ што се поврзува со дел од поранешните раководители на компанијата, се додека таа трае.„Не сме во состојба да коменираме се додека истрагата е во тек, но соработуваме со сите домашни и странски институции, на кои им се потребни какви било податоци“, рече Лоренс одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција. Според Жарко Луковски, главен оперативен директор на Т-Мобиле, компанија продолжува да работи согласно сите закони во Македониј…