Стотици милиони луѓе во светот вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2008 и ќе ја пречекаат Новата 2009 година.По примерот на светските метрополи, веќе традиционално, најлудата ноќ ќе биде пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во земјава. Новогодишната забава на плоштадот „Македонија“ ќе биде отворена со детската програма од 11 до 13 часот. Дечињата ќе ги забавува Дедо Мраз, ќе пеат членовите на Супер Ѕвезда, ќе има и театарска претстава, како и и…
Припадниците на полкот за специјални операции на АРМ денеска ќе донираат средства на социјално загрозени семејства во Скопје, Велес и Прилеп.Донацијата се состои од прехранбени артикли кои се составени од исхраната на припадниците на полкот за специјални операции.Средствата кои ќе се донираат ќе бидат донесени во центарот за социјални работи во Скопје, од каде ќе биде организирана нивната дистрибуција. {loadposition content9}
Македонското Собрание со 64 гласа „за“ и девет против вчера попладне го изгласа Буџетот за 2009 година.Според Буџетот, на име расходи се планирани 164 милијарди и 215 милиони денари, на приходи 153 милијарди и 215 милиони денари, а буџетскиот дефицит е на ниво од 2,8 отсто во однос на планираниот БДП.Поголем дел од парите од Буџетот ќе бидат наменети за исплата на субвенции на земјоделците, за капитални расходи, за изградба на повеќе патни правци во државата, за експропријациски активности на коридорите 8 и 10, како и за изградба на магистрални патишта.Во Буџетот се предвидени пари и за под…
Собранието на Република Македонија денеска трeба да ја продолжи 41. седница со расправа за Предлог-буџетот за 2009 година.Буџетот за наредната година е планиран да изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари. Приходите се проектирани на 153 милијарди и 215 милиони денари, а дефицитот е 11 милијарди и 584 милиони денари што е 2,8 отсто во однос на планираниот БДП.Собраниската дебата за буџетот почна минатата среда, а продолжи во петокот. Според новиот Деловник на Собранието, пратениците треба за три дена да ја завршат расправата и да ја го донесат буџетот за 2009 година. Се расправа само по …
Униформите што досега ги носеа армиските припадници ќе бидат заменети со нови, кои со својот изглед, боја, дизајн и другите технички карактеристики ќе бидат автентични македонски униформи.Првите пробни униформи денеска премиерно ќе бидат презентирани во Сомот на Армијата во Скопје.На промоцијата, како што е соопштено, поздравно обраќање ќе има министерот за одбрана Зоран Коњановски, а поканети се државен врв и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.Министерот Коњановски неодамна соопшти дека со предвидените 60 милиони денари од буџетот на одбраната првично ќе бидат изработени пробн…
Пазарџиите во државава до влезот на Македонија во Европската унија ќе плаќаат данок на паушален приход, чија висина ќе биде дополнително утврдена. Тоа е одлучено на денешната средба во Владатa на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии Трајко Славески со претставници на пазарџиите.„Владата го прифати барањето на тезгаџиите да плаќаат данок на паушален приход. Со тоа покажа чувство за социјалната положба и проблемите на луѓето кои по приватизацијата ги изгубија своите работни места и сега се на пазарите“, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески по завршувањето на средбата.По влез…
Рокот за стапување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите во Македонија е продолжен на 30.08.2009 година.Ваква одлука донесе владата, во врска со договорот склучен на 24.09.2008 со турската компанија TAV Havalimanları Holding A.Ş. за концесија на „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и новиот карго-аеродром во Штип. Според тој договор, концесијата требаше да стапи во сила најдоцна три месеци по неговото потпишување.Продолжувањето на рокот е резултат на глобалната економска криза поради која настанаа непредвидливи с…
Фондот за здравствено осигурување денеска најави итна мерка – зголемување на квотите на аптеките во март, во вкупен износ од 15 милион денари, линеарно распределени по аптека.Исто така, вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно.
“Аптеките можат да ги надминат месечните квоти најмногу до 10% месечно во првите пет месеци, а порамнувањето на квотите се врши два пати годишно. По автоматизам квотата за март самите аптеки ја намалиле за 15%” , соопштија од ФЗОМ.”Ние сме свесни за потребите на граѓаните, особено во овој период кога е зголемена побар…