Во координација со земјите од регионот, Македонија ќе испрати официјлен протест до Русија и Украина поради запирањето на дотурот на природниот гас за Балканот.Ова беше решено на состанокот на Владата и бизнис-заедницата. На средбата што се одржа вчера попладне, договорено е ако има потреба Владата дополнително да увезе мазут за потребите на „Топлификација“, која мазутот го користи како алтернатива на гасот. Транзитот на рускиот природен гас за земјите на балканскиот регион и Турција беше прекинат вчераутро во 4 и 30 часот. Испораката запре поради спорот на Москва и Киев за цената на енерген…
Верниците во Македонија и во дел од другиот православен свет денеска го слават Бадник, предвесникот на Христовото раѓање – Божиќ.Традиционално, и оваа година централната прослава е пред Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, со пеење на Бадниковата химна, подигање на Бадниковото знаме и осветување на бадниковите гранчиња – според верувањето, симболот на среќата и радоста.Православните верници во Македонија, како и оние во Србија, Црна Гора, Русија и Украина, Бадник го слават според Јулијанскиот календар, односно на 6 јануари, ден пред Божиќ – раѓањето на Господ Бог Исус Христос,…
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намали за 2,5 денари, на Екстра лесното за 3,5, а на дизелот за четири денари.Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 46,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР-98 е 47,00 ден/лит и на МБ-96 изнесува 49,00 ден/лит.Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) изнесува 39,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) 29,00 ден/лит Малопродажната цена на М-2 се намали за 2,647 ден/кг и се продава за 11,684 ден/кг. {loadposition content9}
Директни летови од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе воведе турската авиокомпанија „Онур ер“ од 15.-ти следниот месец, во соработка со тур-операторот Татилбудур, најавија претставници на компаниите денеска на прес-конференција во Истанбул.
Летовите до Охрид, кој на турската јавност и е познат како светски туристички центар под заштита на УНЕСКО, ќе се одвиваат секоја недела, поаѓајќи од аеродормот Ататурк во Истанбул во 13:40 часот, и враќајќи се од Охрид за Истанбул во 15:00 часот. Летовите на Онур ер до Охрид, ќе бидат со авиони од типот Ербас А320.
– Годинава ќ…
Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.Во шестата ротација на мисијата во Авганистан АРМ испраќа и тројца штабни офицери, како тројца офицери кои ќе извршуваат задачи во рамките на тимот за обука и врски за потребите на Авганистанската национална армија (OMLT).„Шкорпионите“ задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. Мировниците на АРМ во Кабул ќе извршуваат сложени задачи како што се: целосно обезбедува…
Божик е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ Исус Христос. Светлин…
И покрај ниските температури битолскиот музеј интензивно работи на заштита на мозаик од 5-тиот век во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис. Ваквите зафати се преземаат со цел еден од најубавите мозаици во земјата повторно да блесне во полн сјај бидејќи до сега е оштетен околу 90 проценти.„Можам слободно да ги наречам јунаци на денешното време бидејќи во вакви временски услови ги преземаа сите активности за да може овој мозаик да се сочува, да остане и понатаму со сиот свој раскош на очиглед на туристите и посетителите. До крајот на оваа година ќе го завршиме најголемиот дел од интервенц…
Додека Македонија ја држи празничната треска, и по Нова година се прават последните подготовки за Божиќ, без многу помпа поминува празнувањето на уште ден верски празник.Еврејската „Ханука“ е празник на песната, светлото и на децата.Еврејската заедница во Македонија со песна го прослави празникот Ханука, древен празник кој е еден од најомилените кај Евреите.Се празнува со семејството, со богата трпеза и со палење на задолжителниот ритуален свеќник наречен „менора“. Виктор Фридман, професор – македонист од Соединетите американски држави, рече дека првпат празнува Ханука во поголемо друштво в…