Јан 13, 2009

Новата рунда преговори за името на 11 февруари

Новата рунда македонско – грчки преговори за прашањето за името ќе се одржи на 11 февруари, објави синоќа специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц.  Како што соопшти Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН во Њујорк, дополнително ќе бидат определени местото и времето каде што ќе се одржи средбата помеѓу амбасадорите на Грција и на Македонија, Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски.  {loadposition content9}

Јан 13, 2009

Карневалски ден во Вевчани

Традиционалниот Вевчански карневал на кој маскираните учесници ги отсликуваат актуелните настани и ги карикираат аномалиите на секојдневниот живот се одржува денескаВевчанскиот карневал, според традицијата беше отворен вчера во пресрет на Нова година според стариот календар и на празникот Василица.Карневалот, кој е еден од најголемите и најуникатните културни знаменитости на Македонија според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.Меѓу гостите од странство се и шеесетина млади луѓе од осум евро…

Јан 12, 2009

Одбраната на Тарчуловски денеска ќе ја обжали одлуката

Адвокатскиот тим на единствениот осуден за време на конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски, денеска ќе поднесе жалба за 12-годишната затворска казна. Одбраната на Тарчуловски се надева дека ќе успеа сепак да добие ослободителна пресуда, а оптимизмот е дополнително зголемен, откако во тимот се приклучи и познатиот адвокат Ален Дершовиц. „Пресудата е обжалена по повеќе основи така што основна цел во жалбената постапка ќе ни биде да докажеме и дека трите преостанати жртви во селото Љуботен биле членови на ОНА“, изјави деновиве Антонио Апостолски, адвокат на Тарчуловски.Тој потврди дека ц…

Јан 12, 2009

Седница на ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи седница на која ќе бидат утврдени роковите за изборните дејствија за претседателските и локалните избори.ДИК заседава откако во саботата претседателот на Собранието на Македонија Трајко Велјановски ги распиша изборите за претседател, за градоначалници и советници за 22 март годинава.Деновиве беше најавено дека ДИК ќе покрене и прекршочна постапка против одредени партии и поединци кои што влегле во кампања пред да бидат распишани изборите.ДИК денеска треба да донесе и одлука за висината на благајничкиот максимум, да го утврди планот за …

Јан 10, 2009

Нема електронско гласање на претстојните избори

Нема да има електронско гласање на претстојните претседателски и локални избори, е заклучокот од денешната лидерска средба, на која 22 март е посочен како потенцијален датум за одржување на изборите. Воведувањето електронско гласање на претстојните избори не го поддржа Социјалдемократскиот сојуз, чии што претставници сметаат дека нема доволно време до изборите да се воведе ваквото гласање, како и тоа дека во некои земји каде имало електронско гласање при изборите се појавувале одредени проблеми.Сугестијата ја прифати и ВМРО ДПМНЕ, од каде најавуваат дека електронското гласање ќе се разгледу…

Јан 10, 2009

Велјановски ги распишува мартовските избори

Претседателот на Собранието Трајко Велјановски се очекува денеска официјално да ги распише претседателските и локалните избори за 22 март, датум што беше договорен на лидерската средба меѓу власта и опозицијата.Спикерот Велјановски тоа во петокот му го соопшти и на претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски..Велјановски нагласи дека е обврска на сите институции да сторат си мартовските избори да бидат според европските стандарди.Најголемите партии од власта и опозицијата на лидерската средба во петокот не постигнаа договор за примена на пилот проектот за електронско г…

Јан 9, 2009

Странски авиокомпании заинтересирани за МАТ

Три големи странски авиокомпании и еден инвестиционен фонд се заинтересирани за влез во капиталната структура на македонскиот редовен авиопревозник МАТ.Ова денеска го пишува скопски Дневник, додавајќи дека МАТ ја потврдил информацијата, не наведувајќи ги имињата на потенцијалните инвеститори, ниту други детали.Според извори на весникот МАТ бил интересен за инвестирање, бидејќи е редовен авиопревозник на Македонија и го поседува ИОСА сертификатот, кој го рангира МАТ меѓу најбезбедните во светот.МАТ постои веќе 15 години, а во последно време со соочува со големи проблеми, предизвикани од глоб…

Мар 22, 2018

Снегот предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци во Македонија

Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија. АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камиони на регионалниот пат Дебар-Маврово.Од 05:30 часот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.Интензитетот на сообраќајот на патните пр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top