Британската министерка за Европа Каролин Флинт денеска ќе престојува во Македонија и ќе се обрати пред Националниот совет за евроинтеграции.Министерката Флинт во Скопје треба да се сретне со претседателите на државата, на парламентот и на владата, Бранко Црвенковски, Трајко Вељановски и Никола Груевски.Предвидени се и средби со претседателите на ДПА, ДУИ и СДСМ.Денеска по седницата на Националниот совет за евроинтеграции, предвидени се изјави на вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски и министерката Флинт. {loadposition content9}
Владејачката ВМРО – ДПМНЕ го избра универзитетскиот професор Ѓорѓи Иванов за свој кандидат на претседателски избори на 22 март.Иванов синоќа, на партиската конвенција во Универзалната сала, очекувано беше избран со големо мнозинство гласови од партиските делегати. Во првото обраќање пред присутните, Иванов порача дека „Единствени сме посилни“.„Македонија има моќ бидејќи има длабоки корења, некои сакаат да ги исечат или да ни кажат дека сме со плиток корен. Македонија навистина треба да се гордее со своето наследство, меѓутоа тоа мора да биде во функција на иднината. Иднината што не очекува …
„Тој ги имаше сите квалитети да стане голема светска ѕвезда. Жал ми е што вечерва не е тука да го промовира своето дело“„Тој ги имаше сите квалитети да стане голема светска ѕвезда. Жал ми е што вечерва не е тука да го промовира своето дело“, изјави Енди Рајт, познатиот британски продуцент кој го работеше албумот „The Hardest Thing“ на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, што синоќа беше промовиран по повод неговиот 28-ми роденден.Во Домот на АРМ синоќа беше прикажана и претпремиерата на документарниот филм „Чекор до светска слава, Тоше – THE HARDEST THING“, кој во кино салите ќе почне …
На Гумење во Крушево денеска ќе биде поставен камен-темелник за спомен-куќа на Тоше Проески, ден пред неговиот роденден – 25 јануари. Во неа ќе бидат сместени сите значајни работи поврзани со животот и кариерата на најголемата македонска музичка ѕвезда, ќе биде пренесена собата на Тоше во Крушево, музичкото студио, сите предмети од куќата во скопско Злокуќани, неговиот омилен автомобил „буба“, облеката, музичките албуми, фотографии, награди, икони…Изградбата ја финансира Владата и Министерството за култура и на поставувањето на темелникот денеска во 13 и 30 часот ќе присуствува владина д…
Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).Како што пишува весникот „Дневник“, УЈП препорачува за да се избегне ризикот од доцнење со платите, работодавците да поднесат тест пресметка за интегрирана наплата на давачките за јануари, при што ќе се утврдат евентуалните грешки.Управничка на Дирекцијата за големи даночни обврзници Елена Петрова, вели дека има ризик за работодавците што не плаќале придонес за пензиско и инвалидско осигурување да не добијат код за …
Семинар на тема „Вовед во правото за бегалци:суштинска анализа и процедурални гаранции кај барањата за азил“ ќе се одржи денеска во Скопје.Со свои излагања ќе настапат Карлос Малдонадо, претставник на претставништвото на УНХЦР во Скопје, Мирјана Лазарова-Трајковска, судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и Анета Арнаудовска, директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Македонија.Основна цел на оваа програма е размена на искуства и продлабочување на знаењата на претставниците на правосудните функции од областа на националното законодавство за азил. …
Индиските бизнисмени се заинтересирани за Македонија како врата кон европскиот пазар, но им требаат дополнителни информации за можностите за инвестирање.Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на синоќешната средба во Њу Делхи со претставници на индиски инвестициски фондови и на компании од автомобилскиот сектор, телекомуникациите, трговијата, туризмот и хотелиерството, ги презентира македонските бизнис потенцијали и стратешките приоритети. Милошски ги информира дека во Македонија има стабилна политичка и добра бизнис клима. Укажа на воведениот рамен данок од 10 отсто, укинотото о…
Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени.
Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг.
Без АРМ, МВР и Агенцијата за разузнавање, бројката на вработените од државата и локалните власти изнесува 109.304, додека во акционерските друштва во државна сопственост се вработени 8.633 луѓе од вкупната …