Фев 7, 2009

45-та Минхенска безбедносна конференција

Македонскиот премиер Никола Груевски, кој заедно со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски присуствува на 45. Минхенска безбедносна конференција, денеска ќе има обраќање на една од панел дискусиите.Главната панел дискусија, која се одржува денеска е под мотото „НАТО, Русија, природен гас и Блискиот Исток: Иднината на европската безбедност“. Покрај оваа, денеска ќе се одржат панел дискусии и на тема „Глобалните предизвици и кризата на меѓународниот поредок“ и „Регионални нестабилности Кавказот и Балканот“.Според агендата, в недела ќе се одржи пленарна седница на тема „Иднината на …

Фев 6, 2009

Македонска делегација на Минхенска безбедносна конференција

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски од денеска до 8. февруари ќе учествува во работата на 45. Минхенска безбедносна конференција.На Конференцијата, што се смета за најпрестижен светски безбедносен форум, традиционално учествуваат претседатели на држави и влади, министри за надворешни работи, за одбрана, членови на парламенти и други високи претставници на меѓународни организации, истакнати фондации и невладини организации. Приоритетните теми во дискусиите на годинешната Конференција се безбедносните ризици и предизвиците со кои се соочува Европа, неширење на оружј…

Фев 6, 2009

Земјоделците незадоволни од висината на субвенциите

Земјоделците, кои не се задоволни од висината на субвенциите и од програмата на субвенционирањето во одделни сектори денеска ќе одржат прес конференција во Скопје.Незадоволството ќе го искажат претставници од секторите козарство, пчеларство и говедарство.Прес конференција е во организација на Федерацијата на фармерите во Република Македонија-ФФРМ.   {loadposition content9}

Фев 5, 2009

Делегација од ГШ на Француската армија во посета на Македонија

Делегација од Генералштабот на Француската армија, предводена од полковникот Жан Морен, претстојува во тридневна посета на Република Македонија.Како што соопшти Министерството за одбрана, делегацијата придружувана од францускиот амбасадор во земјата Бернар Валеро и военото аташе при Амбасадата потполковник Ален Жилија, денеска ќе биде примена од министерот за одбрана Зоран Коњановски и од началникот на Генералштабот генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Согласно Договорот потпишан во 1996 помеѓу министерствата за одбрана на двете земји, предвидено е утре да се одржи 12-та Мешовита коми…

Фев 5, 2009

Груевски на Молитвен појадок во Вашингтон

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе учествува на Молитвениот појадок во Вашингтон, каде ќе присуствува американскиот претседател, Барак Обама.Традиционално, на Молитвениот појадок се очекува да присуствуваат голем број гости, светски лидери, политичари, претставници на бизнис елитата, како и американски сенатори и конгресмени. Предвидено е за време на својата посета на Соединетите Американски Држави (САД), премиерот Груевски да оствари повеќе средби со претставници на Конгресот и Сенатот, како и со високи претставници на Стејт департментот и новата американска администрација.Во …

Фев 4, 2009

Светски ден на канцерогените заболувања

Светскиот ден на канцерогените заболувања, 4. февруари, денеска ќе биде одбележан во Скопје.Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за онкологија во Скопје, по повод одбележувањето на Светскиот ден на канцерогените заболувања 4 Февруари.Министерот Османи, на Клиниката за онкологија свечено ќе ја отвори и првата канцеларија за советник за заштита на правата на пациентите, во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите. Во Канцеларијата, како што информираат од Министерството за здравство, ќе престојува и психолог, кој непосредно ќе соработува со паци…

Фев 4, 2009

Истече рокот за собирање потписи за изборите

Законскиот рок за собирање на потписи од граѓаните потребни за кандидирање на претседател на државата, градоначалници и за советници за претседателски и локалните избори закажани за 22 март, истече ноќеска на полноќ.Листите на кандидатите до органите на Државната изборна комисија (ДИК) треба да се поднесат најдоцна до 15 февруари. ДИК во рок од 48 часа од поднесување треба да ги потврди листите или да укаже да неправилностите, кои треба да се отстранат во истиот рок.Најмалку 10 илјади потписи од граѓаните за кандидирање на претседателските избори веќе собрале седум потенцијални кандидати, с…

Јун 27, 2018

Укината забраната за продажба на алкохол

Собранието со 62 гласа „за“ ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот.Со измените, се дозволува продажба на алкохолни пијалоци и во киосците, но остана забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години.  Останува и обврската објектите кои сакаат да продаваат алкохол, и понатака да имаат лиценци. Владата уште во мај годинава ги достави измените за укинување на забраната за продажба на алкохол после 19 часот. Измените на Законот …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top