Во Брисел синоќа се конститурира неформалната група на пријатели на Македонија во Европскиот парламент, во која членуваат повеќемина реномирани европратеници кои со особен интерес го следат процесот на македонското пристапување кон ЕУ.На конститурирањето на групата присуствуваа и потпретседателот на македонската Влада, Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски..Неформалната група на пријатели на Македонија во Европарламентот предвидено е да биде активна во поддршката на земјата во напорите за приближување кон Унијата и ќе претставува форум за промоција на Македониј…
Македонската информативна агенција – МИА денеска одбележува 17 години од основањето односно од одлуката на Собранието со која беше формирана како национална новинска агенција на самостојна Република Македонија.„Заради целосно, навремено и објективно информирање на граѓаните, како и за информирање на меѓународната јавност за активостите на републичките органи и другите субјекти во Републиката се основа јавно претпријатие под името Македонска информативна агенција“, стои во основачкиот документ на Законодавниот дом од 18 февруари 1992 година со кој се положи темелот на МИА. Сепак, од непознат…
Државната изборна комисија денеска со жрепка ќе го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче.Вкупно седум кандидати за нов претседател на Македонија ќе учествуваат на престојните претседателски избори, закажани за 22. март.Новиот претседател на Македонија ќе биде избран помеѓу независниот кандидат Љубе Бошкоски, кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку, кандидатот на ЛДП Нано Ружин, кандидатот на ДПА Мируше Хоџа, која е единствената жена, кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски, кандидатот на Нова демократија Имер Селмани и кандидатот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Иванов. {l…
Претседателот на Република Словенија Данило Тирк, придружуван од првата дама Барбара Миклиќ – Тирк и од бизнис делегација, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава на покана на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски. По пречекот со највисоки државни и воени почести пред платото на Собранието, претседателите Црвенковски и Тирк ќе имаат тет-а-тет средба. Како што соопшти Кабинетот на Црвенковски, на средбата ќе се разговара за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес. Се очекува акцентот во …
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски денеска ќе го отвори состанокот по повод отпочнувањето на проектот СИПП за поддршка во користењето на ИПАРД фондовите. Овој проект е финансиран од ЕУ и има за цел поддршка во ефикасната имплементација на ИПАРД фондовите преку градење на институционалните капацитети кои ќе овозможат ефикасно користење на средствата предвидени преку ИПАРД програмата во периодот од 2007-2013 година. {loadposition content9}
Законскиот рок за исплата на бруто платите истекува денеска, а фирмите до крајот на денот треба да ги уплатат парите за придонеси и да ја исплатат платата на вработените.Доколку не биде почитуван законскиот рок, Управата за јавни приходи(УЈП) најавува дека ќе наплатува камати. За секој ден доцнење ќе се наплатува камата од 0,03 отсто.Од УЈП соопштија дека до саботата 55.497 фирми доставиле пресметки за бруто плата, а одобрени се 53.997 пресметки. Од УЈП немаат точни податоци колку вработени зеле јануарска плата.Реформата цела плата предизвика многу проблеми кај работодавците, бидејќи на шал…
Исплата на долгот кон фармерите, се очекува денеска да започне Американско-израелската компанија „Феникс енерџи“, која е нов сопственик на „Сведмилк Македонија“.Фармерите претходно најавија дека очекуваат целиот долг да им се исплати до крајот на месецов. Млекото, пак, што се откупува сега, во февруари, ќе се исплаќа во март.„Сведмилк“ на околу 2.500 фармери им должи над 3,5 милиони евра за откупеното млеко во изминатите седум месеци. Тие протестираа и бараа помош од Владата и во одредени периоди ја окупираа млекарницата. {loadposition content9}
Владата на РМ на 112 седница која што се одржа вчера, донесе одлука 1 и 2 јануари да бидат неработни денови за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.
Согласно законот, до сега неработен ден за Нова година беше само 1 јануари.