Мар 3, 2009

Состанок на заедничкиот консултативен комитет на ЕУ и Македонија

Заедничкиот консултативен комитет на Европската унија(ЕУ) и на Република Македонија одржасостанок денеска во Охрид.Состанокот е во организација на Комитетот на региони на ЕУ и на македонското Министерството за локална самоуправа.Главни теми, се „Релацијата ЕУ-Република Македонија – влијанието на локалните власти“ и „Користење и имплементација на ЕУ фондови и проекти на локално и на регионално ниво“.На состанокот  учествуваат министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, а свое обраќање имаа и копретседавачите на Комитетот, Димитар Бузлевски-градоначалник на Ресен и Бодкер Андерсен – Комите…

Мар 3, 2009

Црвенковски во дводневна посета на БиХ

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина (БиХ).На првиот ден од посетата, Црвенковски ќе има средби со претседавачот на Советот на министри на БиХ Никола Шпириќ, со членови на Претседателството и на Парламентот.Предвидено е претседателот Црвенковски да оствари средба и со членови на медицинскиот тим на Армијата на Македонија, кои дејствуваат во состав на мисијата Еулекс.Шефот на македонската држава в среда треба да разговара со претседателот на Република Српска Рајко Кузмановиќ.  {loadposition content9}

Мар 2, 2009

Почна изборната кампања

Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на четвртите претседателски и петите локални избори што ќе се одржат на 22 март. Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите во наредните дваесет дена ќе можат да ги претстават своите програми пред електоратот и да образложат зошто ја бараат довербата од граѓаните. Кампањата ќе трае до 20 март на полноќ. Денот пред гласањето е изборен молк. Гласачките места на 22 март ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. На претседателските и локалните избори право на глас има…

Мар 2, 2009

„Специјалците“ го слават својот празник

Во касарната „Илинден“ денеска ќе биде одржана свеченост по повод 1 март – Денот на Полкот за специјални операции (пСО).На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, претставници од Владата и Собранието, како и воени аташеа акредитирани во државата.На 1 март 1994 година е формиран баталјонот за специјални намени, кој во изминатите 15 години помина низ повеќе трансформаци…

Фев 28, 2009

Отворен ден во Министерството за здравство

Министерството за здравство денеска од 11 до 15 часот организира „Отворен ден на Министерството“ на кој граѓаните ќе имаат можност изворно да се запознаат со проектите на Министерството и да ги изнесат своите предлози и сугестии.На директната средба со граѓаните ќе присуствуваат првите луѓе на Министерството и одговорните лица од секторите и органите кои работат во состав на Министерството.Проектот „Отворен ден“ ќе продолжи да се реализира и во иднина со цел континуирано запознавање на граѓаните со работењето на Министерството.  {loadposition content9}

Фев 28, 2009

Во Охрид средба на министрите за одбрана на Македонија и на Албанија

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Зоран Коњановски и Газменд Окета во Охрид ќе имаат неформална средба во функција на развој и зајакнување на билатералната и регионална соработка. На средбата, како што е најавено, министрите Коњановски и Окета ќе разменат мислења за актуелните случувања во регионот, но и ќе продискутираат на теми од взаемен интерес. Се очекува на средбата да учествува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменик – началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана…

Фев 27, 2009

Вицепремиерот Боцевски во посета на Франција

Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Ивица  Боцевски, денеска, на вториот ден од посетата на Франција, ќе се сретне со францускиот министер за имиграција, интеграција и национален идентитет Ерик Бесон. Акцентот на разговорите ќе биде ставен на напредокот остварен во однос на критериумите од патоказот за визна либерализација. Очекувањата се дека ќе продолжи француската поддршка за ставање на Македонија на белата шенген-листа, од Париз. Вицепремиерот Боцевски вчера во Париз оствари прва средба со својот француски колега Бруно Ле Мер, министер за европски прашања во францускот…

Јун 5, 2019

Започнува воената вежба „Одлучен удар“

Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата, до 9 јули, во две ротации, на Центарот за поддршка на обуката „Криволак“ ќе ја одржат теренската вежба „Одлучен удар“. „Одлучен удар“ е најголемата вежба која досега се одржала во нашата земјава. Армијата на Северна Македонија и војската на САД ќе учествуваат со по 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји. Со свое…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top