Македонија, според развиеноста на информатичко комуникациските технологии (ИКТ) се наоѓа на 65-то место во светот.На листата на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ) за развојот на ИКТ во периодот 2002-2007 година Македонија паднала за 12 места.Листата покажува дека индексот на развој на ИКТ се зголемил од 2,65 на 3,42, што значи дека другите земји многу побрзо ги развивале информатичко – комуникациските технологии од Македонија.Според извештајот Македонија во 2002 година имала 27,2 фиксни телефонски приклучоци на 100 жители, а во 2007 година тој број паднал на 22,7. Од друга страна …
Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски денеска престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.Македонскиот министер во Сараево треба да се сретне со Командантот на ЕУФОР генерал-мајор Стефано Кастањото, со командантот на НАТО штабот бригаден генерал Сабато Ерико, како со својот босански колега Селмо Цикотиќ.Коњановски како што е најавено, ќе го посети медицинскиот тим на Министерството за одбрана на Македонија во мисијата АЛТЕА во БиХ и ќе положи венец цвеќе на споменикот на загинатите македонски мировници во хеликоптерската несреќа. {loadposition content9}
Во организација на Факултетот за туризам во Скопје денеска ќе се одржи предавање тема „Болоњскиот процес во високото образование, примена и придобивки. Објективни мерливи и лесно препознатливи резултати на учењето“.Предавањето ќе го одржи Деканот на факултетот за менаџмент на туризмот и угостителството во Опатија, Зоран Ивановиќ, кој е и ментор на Факултетот за туризам во Скопје.Факултетот во Опатија, е државен факултет со 60-годишна традиција при Универзитетот во Риека, и е лидер во ЈИЕ во прецизното спроведување на Болоњскиот процес во високото образование. {loadposition content9}
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Ѓурчевски денеска ќе го прими Амбасадорот на Јапонија во Австрија Н.Е. Аико Танака кој свечено ќе ја предаде донацијата за Кендо-Иаидо Федерацијата на Македонија, која е донирана од Сејапонската Кендо Федерација. Донацијата се состои од комплетна опрема која ќе се користи за развој и унапредување на кендо и иаидо спортот во Република Македонија.На церемонијата на примопредавање на донацијата покрај директорот Ѓурчевски и амбасадорот Танака ќе присуствува и претседателот на Кендо- Иаидо федерацијата на Македонија Златко Кесковски. {loadpositi…
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска престојува во посета на Северна Македонија.
Тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12:15 часот во Владата.
Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.
Теми на форумот ќе бидат статусот и предизвиците на јавното здравје, меѓугранична соработка за контрола на заразните болести во функција на спроведување на Меѓународниот здравствен правилник и слично.Форумот го организира Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, а ќе го отвори министерот за здравство Бујар Османи.На отворањето свое обраќање ќе имаат албанскиот министер за здравство Анила Годо и директорот на холандскиот институт за јавно здравје, Марк Спренгер. {loadposition content9}
Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе се сретне со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и локалните избори 2009, Питер Ајхер.На средбата се очекува да стане збор за почетокот на изборната кампања и напорите што треба да ги спроведе Македонија за организирање на фер и демократски избори.Спроведување на избори без насилства е главен услов што меѓународната заедница и го поставува на Македонија за укинување на визите и за одредување датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија. {loadposition content9}
Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Република Србија.Како што соопшти владината прес-служба, Ивановски во Белград ќе се сретне со министерот за телекомуникации и информатичко општество Јасна Матиќ, со министерот за државна управа и локална самоуправа Милан Марковиќ и со директорот на Заводот за информатика и интернет Дамир Баралиќ.Целта на овие средби е продлабочување и зајакнување на меѓусебните односи и размена на искуствата на Република Македонија и Република Србија во развојот на информатичкото општество. …