Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“.
„Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.
Откако сите земји членки на алијансата ќе го ратификуваат протоколот, тој ќе треба да се најде на ратификација пред Собранието, со што земјата ќе стане членка на НАТО.
Пред неколку денови генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека не очекува процесот на ратификација да заврши до почетокот на декември, но очекува пр…
Под мотото „Ние два милиони, станавме светски зелен бренд – излези засади и инспирирај ги останатите шест милјарди“ денеска во 30 општини во Македонија ќе бидат засадени пет милиони нови садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“. Два милиони садници ќе можат да ги засадат граѓаните, а останатите три милиони ќе бидат во семе и ќе ги посеат вработените во Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Како што истакнаа организаторите на акцијата оперскиот пеач Борис Трајанов и Љупчо-Бубо Каров, превозот и овој пат ќе биде бесплатно организиран за подалечните локации.Пр…
Горди на својот грчки род и културен идентитет, со незначителни исклучоци се жителите на грчката област Македонија.Ова е дел од одговорот на постојаниот претставник на Грција во ООН Франгискос Верос на Извештајот на независниот експерт за права на малцинствата на Организацијата, Гај МекДугал, пренесува Макфакс.Амбасадорот Верос потенцирал дека не може да се признае правото на секого да го нарушува културното наследство на елинизмот, ниту пак по однос на етничкиот идентитет на 2,5 милиони Грци во областа Македонија.Врз основа на меѓународните договори, Грција признава само едно малцинство – …
Телеком Словенија официјално достави понуда за купување на Космофон, вториот по големина мобилен оператор во Македонија.Словенечката компанија соопшти дека е заинтересирана за купување на 100% од акциите на Космофон, не прецизирајќи финансиски детали од понудата.Телеком Словенија е присутен македонскиот пазар преку Он нет, вториот по големина интернет провајдер во државата.„Доколку купувањето на Космофон заврши во корист на Телеком Словенија дејствувањето на македонскиот пазар ќе се комплетира и групацијата ќе може да понуди целосен опсег на телекомуникациски услуги“, се наведува во соопште…
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе се сретне со Ахмет Кирман, претседател на Одборот на директори и извршен директор на турската компанија „Шишеџам“ и со претседателот на компанијата Доган Арикан. Турската компанија од Истанбул „Шишеџам“ е четврта најголема компанија за стакло и стаклени производи во светот. По средбата, како што најави владината прес-служба, ќе биде потпишан меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија и компанијата „Шишеџам“. {loadposition content9}
Едукација на гласачите е цел на медиумска кампања што денеска ќе ја промовира Државната изборна комисија (ДИК), спроти претстојните претседателски и локални избори.За кампањата се подготвени по три видео и аудио спотови и плакати и преку нивното емитувањето во електронските медиуми и печатење во весниците, гласачите ќе бидат запознаени како правилно да го остварат правото на глас. Исто така ќе бидат информирани за специфичностите на изборите за претседател, за градоначалници и советници што ќе се одржат на 22 март. {loadposition content9}
Европскиот парламент денеска треба да гласа за Предлог резолуцијата за напредокот на Македонија.Авторот на Резолуцијата, холандскиот европратеник Ерик Мејер во средата побара поддршка од европратениците на Македонија да и биде одреден датум за почеток на преговори со Европската унија (ЕУ).Мејер зборувајќи на пленарната седница на која се разгледуваше неговиот извештај, посочи на ризикот драстично да опадне довербата на македонските граѓани во ЕУ, доколку Брисел не ја поддржи политиката на присоединување на Македонија.„Работите во Македонија не се полоши од работите во другите држави, кои са…
Од денес, па се до 15-ти март следната година, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилата, учесниците во сообраќајот, се должни покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.
Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ши…