Сојузничките шефови на држави и влади се собраа во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на НАТО. Знамето на РС Македонија е на почесно место како нова членка на Алијансата, меѓу знамето на НАТО и на домаќинот Велика Британија.
Знамињата на 30 земји членки на НАТО пред Бакингамската палата во ЛондонВо 1949 година, Велика Британија беше една од дванаесетте основачки членки на НАТО, а Лондон беше дом на првото седиште на НАТО.
Лидерите на денешната средба ќе донесат одлуки за понатамошно зајакнување на Алијансата и продолжување на реформите.
Вечерва, нејзиното величество к…
Информационен систем за интегрирано гранично управување ќе биде пуштен денеска во употреба во зградата на Граничната полиција.Со ова, Македонија ќе се вброи меѓу ретките земји кои располагаат со систем на интегрирана контрола на границите, соопшти Министерството за внатрешни работи.На отворањето, како што е соопштено, ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вицепремиерот Ивица Боцевски и министерот за информатичко општество Иво Ивановски. {loadposition content9}
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска престојува во официјална посета на Литванија каде ќе се сретне со највисокиот државен врв.Милошоски денеска во Вилнус ќе се сретне со литванскиот министер за надворешни работи Вајгаудас Усхакас, со кого ќе потпише протокол за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Литванија. Шефот на македонската дипломатија ќе се сретне и со литванскиот претседател Валдас Адамкус, а претходно ќе одржи говор во литванскиот Парламент кој утре одржува седница насловена „Пет години од членството на Литванија во НАТО: постигну…
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска престојува во официјална посета на Естонија, каде ќе се сретне со шефот на естонската дипломатија Урмас Пает и премиерот Андрус Ансип.Министерот Милошоски синоќа пристигна во Талин каде имаше работна вечера со генералниот дирекотр на естонската Стопанска комора Сим Раие. Шефот на македонската дипломатија денеска во Талин ќе се сретне и со претседавачите на парламентарните комитети за прашања поврзани со ЕУ Марко Михкелсон, за надворешни работи Свен Миксер, како и со претседавачот на естонско-македонската парла…
Владеачката ВМРО ДПМНЕ и опозициониот СДСМ ги остварија своите цели во првиот круг на претседателските и локалните избори, кој донесе и промени меѓу партиите на Албанците во Македонијa. Резултатите се главно очекувани, а вистинскиот однос на силите и довербата на граѓаните ќе го покаже вториот круг.Централна фигура на првиот круг на гласање е Имер Селмани кој со високото трето место на претседателските избори носи значајни пораки. Најнапред, урнат е стереотипот за албанскиот електорат како послушна гласачка машина, под цврсто влијание на партиите. Определувањето на избирачите за Селмани пок…
Околу 9,2 милиони лица секоја година заболуваат од туберкулоза, а умираат околу 0.7 милиони, од кои 0,2 милиони се заразени со вирусот ХИВ. Дневно од туберкулоза умираат околу 5.000 болни, а една третина од светската популација е инфицирана со туберкулозниот бацил. Тоа се податоци на Светската здравствена организација кои ги соопшти Институтот за белодробни заболувања во пресрет на 24 март – Светскиот ден за борба против туберкулозата. Во последните три години во Македонија се бележи постојано намалување на бројот на заболени од туберкулоза. Во 2006 година се регистрирани 627 болни со стапк…
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Рига ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи од иницијативата Адриатик-Балтик-Атлантик чиј домаќин е шефот на летонската дипломатија Марис Риекстинш.Како што јавува известувачот на МИА, на состанокот ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Албанија Љуљзим Баша, на БиХ Свен Алкалај, на Хрватска Гордан Јандроковиќ, на Естонија Урмас Пает, на Литванија Вајгаудас Ушакас, политичкиот директор во црногорското МНР Веско Гарчевиќ шеф на секторот за НАТО и ЕУ, како и заменик помошникот државен секретар на …
Меѓународните набљудувачи на изборите денеска попладне ќе ги презентираат заклучоците на прес конференција во Скопје.Во заедничката набљудувачката мисија се вклучени Канцеларијата за Демократски Институции и Човекови права при ОБСЕ (ОСЦЕ/ОДИХР), Парламентарното Собрание на ОБСЕ и Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Конгресот на Локални и Регионални Власти при Советот на Европа, исто така ќе учествува на прес конференцијата. Меѓународната набљудувачка мисија е сочинета од приближно 300 набљудувачи од 40 земји, вклучувајќи 39 долгорочни набљудувачи и околу 250 краткорочни набљудув…