Дек 11, 2019

Влада: Oпштините Дебрца, Охрид и Струга да ги интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО

Владата на Република Северна Македонија последната седница ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та година, одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, 2017 и Баку, 2019), и релевантните заклучоци на Владата на Република Северна Македонија за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион и ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните …

Апр 7, 2009

Честитки од САД за изборите

Официјален Вашингтон и честита на Македонија за успешно спроведените избори и ја повтори заложбата за евроатланска интеграција на земјата.„САД им честитаат на луѓето во Македонија на вториот круг на претседателските и локалните избори. Граѓаните на Македонија, заедно со македонските власти, заслужуваат пофалба за успешно спроведување на овие избори”, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот Енди Лејни за Радиото Глас на Америка, програма на македонски јазик.Забележувајќи дека имало одредена загриженост во однос на кампањата, Лејни посочи на прелиминарната проценка на ОБСЕ/ОДИХР дека …

Апр 6, 2009

Избори втор круг

Според Државната изборна комисија вкупен број на гласачи запишани во избирачкиот список биле 1 792 082, или во проценти 42,61 %. гласачи. Од нив гласле 763 637 гласачи.   За избор на претседател речиси двојно доби кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов 453426 гласови, додека неговиот противник Љубомир данаилов Фрчковски 264692.Во општина Охрид според ДИК, вкупен број на гласачи запишани во избирачкиот список беа 53 893 гласачи, а од нив гласале 34 139 гласачи. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов освои 180786 гласа, додека  Љубомир данаилов Фрчковски 13 290 гласови.Во општина Струга пак вку…

Апр 6, 2009

Ѓорге Иванов, новиот претседател на Македонија

Излезноста во вториот круг на претседателски избори, според претходните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) изнесуваше 40,79 насто со што е исполнет законскиот цензус.Кандидатот на владејачката ВМРО ДПМНе Ѓорге Иванов, по исполнувањето на цензусот, е нов претседател на Македонија, откако претходно беше соопштено дека освои 437.455 гласови. Кандидатот на опозицијата Љубомир Данаилов Фрчкоски, кој претходно му ја честиташе победата на Иванов во вториот круг освои 252.195 гласови. ДИК податоците за излезноста ги соопшти рано изутрината, бидејќи поради малиот одзив на избирачи мораше д…

Апр 6, 2009

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги презентираат прелиминарните согледувања за изборите

Меѓународните набљудувачи кои гo следеа вчерашниот втор круг претседателски и локални избори во Македонија, првичните согледувања за текот на изборниот процес ќе ги презентираат денеска на прес-конференција во Скопје, соопшти Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за следење на вториот изборен круг ја сочинуваат 172 набљудувачи од 30 земји. Покрај нив, акредитирани од ДИК беа уште 372 странски монитори.  {loadposition content9}

Апр 6, 2009

Министерот Милошоски на форум на Алијансата на цивилизации

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре во Истанбул ќе учествува на вториот годишен форум на Алијансата на цивилизации.На форумот, чиј домаќин е Владата на Турција, ќе партиципираат политички лидери на преку 50 земји, претставници на меѓународни и регионални тела, на донаторски организации, на фондации и граѓански здруженија. Најавено е и учеството на американскиот претседател Барак Обама, на вториот ден од конференцијата.Воведни обраќања ќе имаат турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Владата на Шпанија Хозе Луис Родригез Запатеро, генералниот секрет…

Апр 4, 2009

Караманлис и Обама денес разговарат за името

Грчкиот премиер Костас Караманлис на средбата што денеска треба да ја има со американскиот претседател Барак Обама сака да стави „особен акцент” на прашањето за спорот за името на Македонија.Грчките медиуми пренесоа во петокот дека Караманлис успеал да ја добие долго бараната средба со Обама. Средбата е предвидена во францускиот град Стразбур, каде Обама и Караманлис присуствуваат на самитот на НАТО.На средбата ќе стане збор и за грчко-турските односи и за кипарското прашење, објави атинскиот весник „Катимерини“. {loadposition content9}

Апр 4, 2009

„60 години НАТО се доста!”

Под мото „60 години НАТО се доста!”, за денеска напладне во Скопје е најавен мировен протест против воената алијанса и против зачленувањето на Македонија во неа.Протестот, како што е најавено. ќе почне пред фонтаната пред Градскиот парк по што демонстрантите ќе одат прво пред Генералштабот, а потоа до плоштадот „Македонија”. Таму се планира делење на памфлети со аргументација зошто, според организаторите, на Македонија не и е потребно зачленувањето во НАТО.Организатор е граѓанската коалиција „НАТО – доста е!”, а протестот е дел од се-европската кампања „60 години НАТО се доста!”, која ќе се…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top