Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска ќе претстојува во еднодневна посета на Македонија. Јеремиќ ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот Бранко Црвенковски, од премиерот Никола Груевски и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Милошоски и Јеремиќ, како што е најавено, ќе потпишат Протокол за соработка во областа на дипломатската едукација. Двајцата министри ќе ги разгледаат и можностите за отворање нови гранични премини меѓу Македонија и Србија.Посетата на шефот на српската дипломатија се оцен…
Националната стратегија за развој на туризмот на Македонија денеска ќе биде презентирана во Министерството за економија.На промоцијата на стратегијата, која е изработена во соработка со УНДП, ќе присуствуваат министерот за економија Фатмир Бесими и координаторот на УНДП за Македонија Марија Луиза Мехијас де Силва.Најавено е учество и на претставници на туристичките комори, ХОТАМ, АТАМ, претставници на факултетите за туризам во Македонија и експертите од секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија. {loadposition content9}
Со низа манифестации денеска и утре ќе биде одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе присуствува на отпочнувањето на кампањата „Денови на безбедноста“ што ја организира Комората за обезбедување на лица и имот на Република Македонија, а во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде организирана крводарителна акција на припадниците на Министерството за внатрешни работи која ќе ја посети директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. Утре, делегација предводена од министерката Јанкулоска ќе положи цвеќе на …
Делегација на Министерството за одбрана на Република Унгарија предводена од министерот за одбрана Имре Секереш од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија.За време на посетата министерот Секереш ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Коњановски на која ќе се разговора за билатералната соработка во областа на одбраната меѓу двете земји, безбедносната ситуација во регионот, НАТО интеграцијата на Македонија, како и за одбранбените и воените реформи. Двајцата министри ќе потпишат и Спогодба за воена соработка. Унгарскиот министер за одбрана ќе се сретне и со …
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со „корона“ вирусот на Министерството за здравство, и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе повеќе заклучоци од интерес за заштитата на јавното здравје и здравјето на граѓаните.
На седницата е утврден заклучок Министерството за здравство, да формира постојан центар за информирање на јавноста во кој ќе бидат вклучени и Граничната полиција, Центарот за управување со кризи и Секторот за односи со јавноста во Владата.
…
И покрај најавите на почетокот на годината дека тие ќе бидат изземени од тестирањето поради полагањето државна матура, сепак од Министерството за образование најавуваат дека екстерното тестирање ќе важи и за нив и ќе се спроведе од 11 до 20. мај.Од Министерството за образование соопштуваат дека Законот е донесен во јуни 2008. година и дека таму децидно било кажано кој треба да полага.Скопските матуранти вчера попладне се собраа пред Министерството за образование, за да го изразат својот протест поради воведувањето на екстерното тестирање.Според матурантите, на почетокот на годината им било …
Претпристапната економска програма на Македонија ќе биде претставена денеска во Брисел пред Комитетот на министри за економија и финансии на Европската унија.Програмата ќе ја претстават македонскиот министер за финансии Трајко Славески и гувернерот Петар Гошев.Како што е појаснето од министерството за финансии, станува збор за редовна практика на земјите со кандидатски статус, а Македонија веќе трета година по ред прави ваква презентација.Покрај Македонија, денеска во Брисел своите економски програми ќе ги претстават и останатите две земји кандидатки за влез во ЕУ, Турција и Хрватска. {lo…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на печатот денеска ќе организира протест во центарот на Скопје.Протестот ќе започне во 11:30 пред просториите на ЗНМ, по што ќе следи дефиле по улиците до плоштадот Македонија.Целта на протестот е да се крене гласот против лошата состојба на македонското новинарство воопшто, за пресудите, за притисоците, за политичките влијанија, за платите и друго.Македонија во почитувањето на слободата на медиумите се најде на 98 место, меѓу делумно слободните земји, се наведува во извештајот на „Фридом Хаус“. {load…