Мај 20, 2009

Средба на македонскиот премиер со германски парламентарци

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе има средба со пратеници во германскиот Бундестаг.Како што најави владината прес-служба, Груевски ќе се сретне со Валтер Колбо-координатор на пратеничката група на Социјалдемократската партија на Германија и претседател на Германско-македонското друштво, како и Андреас Лемел – пратеник од Демохристијанската партија на Германија.          {loadposition content9}

Мај 19, 2009

Лирџетот на Владата повторно лета

Владиниот авион „Лирџет“, поради чиј дефект премиерот Никола Груевски минатата недела не можеше да слета во Париз, од денеска пак ќе може да лета. Според информациите, дефектот во компјутерскиот систем е поправен и тој ќе се врати од Брисел во Скопје. Поправката на авионот, на кој последниве четири години му се случија повеќе дефекти, е извршена во Брисел од страна на овластени сервисери на американскиот производител на авионот.         {loadposition content9}

Мај 19, 2009

Македонија ги исполни условите за укинување на визите

Македонија ги исполни условите за укинување на шенгенските визи за нејзините граѓани, додека во случајот со Србија се појавија „определени тешкотии“, јавува Би Би Си.Aнонимни европски дипломати, на кои се повикува Би Би Си, изјавија дека во извештајот на Европската комисија што веќе и е предаден на Чешка, како претседавач на ЕУ, Комисијата во Брисел заклучила дека само Македонија ги исполнила сите услови за визна либерализација. Од другите земји во регионот се вели дека Црна Гора, исто така, би можела да биде вклучена во „белата листа“ на земји чии граѓани патуваат во ЕУ без визи, но дека о…

Мар 19, 2020

СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ВО ЗЕМЈАТА ДО 16.00 ЧАСОТ – 6 НОВИ ЗАБОЛЕНИ, БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ Е 48

Министерството за здравство информира дека до 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.И во Гостивар е потврден случај на корона…

Мај 19, 2009

Претседателот на чешкиот Сенат во посета на Македонија

Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува претседателот на Сенатот на Парламентот на Република Чешка Пржемисл Соботка.  За време на посетата тој ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.Во Собранието тој ќе има средба и со претседателот на  Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шекеринска.         {loadposition content9}

Мај 18, 2009

Претседателот Иванов во официјална посета на Словенија

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Словенија.Во Љубљана, шефот на македонската држава ќе се сретне со неговиот словенечки колега, претседателот Данило Тирк, со словенечкиот премиер Борут Пахор и со претседателот на Државниот збор Павел Гантар. Претседателот Иванов попладне во Крањ ќе се сретне со почесниот конзул на Македонија во Словенија Јанез Бохорич, а ќе има средба и со словенечки стопанственици и со македонски иселеници. Во состав на македонската делегација е и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.    {loadpositi…

Мај 18, 2009

Извештај на ЕК за визната либерализација

Европската комисија (ЕК) денеска треба да го објави извештајот во кој ќе биде содржана комисиската оценка за реформите неопходни за визна либерализација на земјите од западен Балкан.Преку извештајот, се очекува ЕК да ги информира земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), дека Македонија е меѓу земјите што најдобро напредуваат во реформите за укинување на визниот режим.Денешниот извештај на ЕК, ќе биде доставен на земјите-членки на ЕУ па дури потоа, откако ќе заврши консултацијата со европските престолнини, ЕК ќе објави извештаи што би требало да содржат препораки за укинување на визниот режи…

Мај 16, 2009

Американскиот заменик државен секретар во посета на Македонија

Заменик државниот секретар на САД Џејмс Штајнберг денеска ќе престојува во посета на Македонија, прва по неговото назначување на функцијата во јануари годинава.За време на посетата, како што соопшти Американската амбасада во Скопје, Штајнберг придружуван од амбасадорот Филип Рикер, ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со претставници на политичките партии. – На средбите ќе се разговара за состојбите на домашната и меѓународната политичка сцена, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу САД и Македонија, регионалната стабилност и процесот на интегри…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top