Доколку се постигне компромис, тој ќе оди на референдум на кој народот ќе го каже последниот збор, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на синоќешното одбележување 18 години од постоењето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.- Република Македонија прави се што е во нејзина моќ тоа да се постигне, да се најде решение кое нема да биде на штета на државните и националните интереси, рече Груевски. За евентуалниот компромис, посочи, ќе се изјаснат граѓаните на Република Македонија на референдум. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на актуелниот политички амбиент во земјава. …
Министерот за одбрана на Словенија Љубица Јелушиќ на почетокот на идната недела ќе престојува во официјална посета на Македонија.Во рамки на тридневната посета, која почнува в понеделник, Јелушиќ ќе биде примен од макеоднскиот претседател Ѓорѓе Иванов, а ќе има средби и со макеоднскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, како и со праламентарци.Проширување на НАТО, безбедносната ситуација во регионот, како и билатералната соработка на плето на одбранмата, ќе бидат теми на разговорите, соопшти макеоднското Министерство за одбрана. {loadposition content9}
Вокалот и гитарист на ексјугословенскиот бенд од новиот бран „Хаустор“ Дарко Рундек вечер со своето „Карго трио“ ќе настапи на вториот концерт на годинашниот ОФФест. Хрватскиот музичар и театарски уметник и двајцата други членови на Карго – Изабел и Душан Враниќ, ќе свират стар и нов материјал од богатиот репертоар.Предводникот на „Хаустор“ за време на војната на просторите на СФРЈ во Париз го основаше ансамблот „Карго оркестар“, со музичари од Хрватска, Босна, Швајцарија и од Франција. Двата албума „Руке“ (2004) и „Mhm A-Ha Oh Yeah Da-Da“ (2006) им обезбедија настапи во Португалија, Франц…
На предлог на Министерството за економија, Владата на Северна Македонија на денешната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементини.Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19.Според Одлуката оваа маржа ќе важи до 30 април 2020 година…
Во Охрид денеска ќе се одржи еднодневен регионален форум на МАРРИ иницијативата на кој ќе се обратат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот црногорски колега Јусуф Каламперовиќ, чија што земја е следен претседавач со иницијативата.Предвидено е на форумот да бидат разгледани досегашните активности на МАРРИ центрите со посебен осврт на изминатата година кога претседавач со иницијативата беше МАРРИ регионалниот центар Скопје. На Форумот ќе бидат презентирани и усвоени нови МАРРИ документи за поквалитетно реализирање на зацртаните цели и задачи, а се очекува да биде усв…
Владина и бизнис делегација од Украина денеска треба да пристигне во работна посета на Македонија.Украинската делегација, во која се најавени околу 20 стопанственици, ќе ја предводи заменикот министер за економија Валериј Пјатницкиј.На првиот ден од дводневната посета, ќе се одржи бизнис форум, со учество на повеќе од 60 стопанственици од Македонија и Украина..Предвидено е во сабота да се одржи Пленарна седница на Мешовитата комисија за економска соработка и за спроведување на Договорот за слободна трговија. {loadposition content9}
Мексиканската дива Лила Даунс со својот бенд вечер во Универзалната сала ќе го отвори осмиот ОФФест, во чии рамки годинава ќе има пет концерти и две филмски проекции. Скопје е дел од светската промотивна турнеја на Даунс по повод нејзиниот нов албум „Shake Away“. Покрај џезот, Даунс негува исклучително емотивен, традиционален стил. За нејзината кариера е значајна соработката со џез-пијанистот од Филаделфија Пол Коен, кој денес е нејзин сопруг и уметнички директор. Во 1997 година Даунс го објавува албумот „La Sandunga“, а три години подоцна целосно ги потврдува своите извонредни вокални пот…
Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ја откажа посета на Македонија, предвидена за денеска, соопшти синоќа неговиот кабинет.Причина за откажувањето, како што соопшти кабинетот на Сејдиу, е што македонската страна го променила карактерот на посетата од официјална во работна.Кабинетот на македонскиот претседател синоќа изрази „жалење за неостварувањето на средбата“ меѓу претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.„Претседателот на Македонија е цврсто посветен на развивањето добри билатерални односи со соседите, како и на развојот на регионалната соработка…