Јун 6, 2009

Владата денес ќе информира за вработувањата

Владата денеска ќе информира за измената на Оперативниот план за активни програми и мерките за вработување за 2009 година.Поединостите ќе бидат соопштени на прес конференција, закажана за напладне.На пресот, како што е најавено, ќе говорат заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. {loadposition content9}

Јун 5, 2009

Нуклеарна централа во Mакедонија, да или не?

Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава. Преку анкета на веб страната ги повикува да гласаат дали се за подобрување на енергетските капацитети со изградба на нуклеарка во земјава или Македонија да се вклучи во некој проект надвор од земјава или пак се против идејата за атомска централа. Од Министерството за економија велат дека целта е да земе во предвид и мислењето на граѓаните при носење одлука за изградба на ваков стратешки објект. По оваа анкета ќе следи уште една професионална што ќе ја спроведе агенција. Дали Македонија …

Јун 5, 2009

За Жак Баро сме „Северна Македонија“

Потпретседателот на Европската комисија, Жак Баро навести укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Притоа, еврокомесарот за правда, Република Македонија ја нарече „Северна Македонија“.  На состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, не беше донесена ниту одлука,  ни заклучоци по прашањето за визната либерализација. Тоа беше само можност за запознавање со извештаите на Европската комисија за секоја земја посебно. Словенија, по чие барање беше отворено ова прашање, се залaга за индивидуален пристап, додека еврокомесарот за правда и внатрешни работи Жак Баро…

Јун 4, 2009

Балканските лидери на средба во Црна Гора

Лидерите на шест поранешни југословенкси републики, плус Албанија и Бугарија, денеска ќе се сретнат во црногорскиот град Цетиње.На средбата насловена “Менаџирање на културните разлики и нивно претставување за туристички цели“, ќе учествуваат црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, српскиот Борис Тадиќ, хрватскиот Стјепан Месиќ, словенечкиот Данило Тирк, македоснкиот Ѓорге Иванов, бугарскиот Георги Прванов, албанскиот Бамир Топи и од БиХ Небојша Радмановиќ.На средбата најавено е присуство и на генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура и генералниот секретар ан Советот на Европа, Тери …

Јун 4, 2009

Министерот Милошоски на Самиот на министри во Молдавија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на министри и Самитот на шефови на Влади на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) што се одржува во Кишињев, Молдавија.Тема на министерскиот состанок е улогата на ПСЈИЕ во јакнењето на регионалната соработка и интензивирање на соработката помеѓу земјите на политичко ниво во сферите од заеднички интерес.На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи Милошоски ќе оствари неколку билатерални средби со свои колеги од земјите во реги…

Јун 3, 2009

Македонија со двајца автори на венецијанското биенале

Македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција, на кој ќе се претстават македонските уметници Никола Узуновски и Гоце Наневски, ќе биде отворен денеска.Узуновски ќе се претстави со проектот „Моето сонце“, научно-уметнички проект во кој уметникот создава вештачко сонце.Вториот македонски претставник уметникот Наневски ќе се претстави со инсталацијата „50 или 50“, составена од бројченици од апарати за точење бензин и посветена на можностите за различна интерпретација на течењето на времето.Уметници од целиот свет ќе ги изложат своите дела до 7 јуни, во рамките на националните претставувања …

Мар 20, 2020

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО, што претставува финален чекор за членството во НАТО.„Со овој документ, јас како Претседател на државата, свечено изјавувам дека Република Северна Македонија пристапува кон Северноатлантскиот договор и, се обврзува посветено да ги извршува и спроведува сите одредби содржани во овој Договор. Почитувани граѓани, ова е последниот политички чин со кој нашата земја влегува и формално во НАТО алијансата. Вредеше што се вложивме, затоа што на нашите идни генерации им овозможуваме поголе…

Јун 3, 2009

Вицепремиерот Боцевски во посета на Португалија и Шпанија

Боцевски денеска заминува за Португалија, каде ќе има средба со португалскиот државен секретар за Европа Тереса Рибеиро.Прашањето за натамошниот тек на процесот на визна либерализација, како и можноста за започнувањето на преговорите за влез во Европската унија во текот на оваа година ќе бидат главните теми на кои ќе се осврне македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Ивица Боцевски за време на посетите на Португалија и Шпанија. Вицепремиерот задолжен за европски прашања утре ќе отпатува за Мадрид, каде ќе оствари средба со неговиот шпански колега Диего Лопез Гаридо. Боцевски во…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top