Апр 3, 2020

Куманово во карантин

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денеска) до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година).Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за н…

Јул 30, 2009

Просечната плата во мај поголема од 20.000 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 20.112 денари што е за 27,9 отсто повеќе во однос истиот месец лани, а просечната бруто-плата била 30.100 денари или 17,5 проценти повеќе.Според Државниот завод за статистика, во мај 2009 година, 3,8 отсто од вработените во Македонија не примиле плата што е за 5,2 процента помалку во споредба со истиот период минатата година. Зголемувањето на нето платата се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Здравство и социјална работа (46,8 отсто), Снабдување со електрична …

Јул 30, 2009

Хеликоптерска армиска вежба

Хеликоптерите од типот Ми-24 и Ми-8 на македонската Армија денеска на полигонот Криволак ќе изведат бојно гаѓање.Армиските хеликоптерите на вежбата ќе демонстрираат блиска воздушна поддршка на маневарските единици со гаѓање цели на земја, при што ќе се изврши ракетирање и гаѓање со митралез.Хеликоптерите за ракетирање ќе користат ракети од типот С-5 КО со калибар од 57 мм, а ќе гаѓаат од митралези со калибар 12,7 мм и 7,62 мм кои се составен дел од нивното вооружување.На гаѓањето ќе присуствуваат шефот на државата и врховен командант на Армијата Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Коњ…

Јул 29, 2009

Преспанското и Дојранското езеро под концесија

Издавање концесии за Дојранско и Преспанско Езеро, е тема на прес конференцијата, која денеска ќе ја одржи министерот за земјоделство Абдилгафар Синани.Владата претходно најави дека ќе бидат распишани огласи за давање под концесија на Преспанското и Дојранското езеро, додека за Охридското езеро стави мораториум за стопански риболов до 2014 година.Дотогаш за Охридското езеро ќе се грижи рибочуварската служба и Министерството за внатрешни работи.{loadposition content9}

Јул 29, 2009

Отчет на дел од министрите за досега сработеното

Дел од владиниот кабинет денеска ќе информира за сработеното во своите ресори.Презентација на активностите и проектите во изминатата година, е тема на прес конференцијата, која претпладнево ќе ја одржи министерот за одбрана Зоран Коњановски.На истата тема, прес конференција ќе одржи и министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.{loadposition content9}

Јул 28, 2009

Сами ќе решаваме како ќе се користат ИПА фондовите

Одлуката на Европската комисија да и ја пренесе на Македонија надлежноста за управување со ИПА фондовите, е тема на прес конференција, што денеска ќе ја одржи Владата.На прес конференцијата закажана за претпладнево ќе говорат вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.„Оваа одлука на ЕК е доказ дека капацитетите на Македонија за децентрализирано управување со ИПА фондовите се зајакнуваат, а со тоа се зголемуваат и обврските и одговорноста на македонските институции и на други…

Јул 28, 2009

Еврокомесарот за проширување Оли Рен се надева на скоро решение

Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази уверување дека е можно да се најде решение за разликите околу името меѓу Македонија и Грција.„Секако дека е можно да се најде решение за некои билатерални прашања, како што е билатералниот граничен спор меѓу Хрватска и Словенија, или спорот околу името меѓу Македонија и Грција“, изјави Рен во понеделникот попладне на прес конференција во Брисел.„На секое од овие прашања мораме да им пристапиме одвоено, заедно со засегнатите земји, да ги отстраниме пречките и на тој начин да оствариме напредок во процесот на интегрирање на западниот Балкан во Европ…

Јул 27, 2009

Откажана претставата на Роберт Вилсон на „Охридско лето“

Откажана е претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет во режија на Роберт Вилсон закажана за 29 јули во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, соопшти дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“. По посетата на техничкиот директор на претставата било утврдено дека техничките перформанси на Центарот за култура, ниту кој било друг затворен простор во Охрид, не се соодветни за прикажување на претставата и оти македонската публика не би ја видела со полн уметнички квалитет. – Благодарејќи на великодушната покана и желбата за учество на „Охридско лето“, Роберт Вилсон со своја…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top