Краткиот анимиран филм „Внатре“ на македонскиот режисер Иван Ивановски денеска премиерно ќе биде прикажан на 15-тото издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Внатре“ ќе биде дел од натпреварувачката програма за краток филм. Трае осум минути и е изработен во техника на стоп-анимација.Режисерот Ивановски ги изработи и сценариото, сценографијата, фотографијата и анимацијата за филмот. Извршен продуцент на „Внатре“ е Виолета Качакова, а монтажата на Доријан Миловановиќ.{loadposition content9}
Прославата на 100 години фудбал во Македонија ќе кулминира денеска на пријателскиот фудбалски натпревар со европскиот шампион Шпанија.Натпреварот започнува во 21.30 часот на арената Филип Втори во Скопје, која по изградбата на новата северна трибина има капацитет за седење од 25.000 седишта.Шпанците, чиј тим пристигна во Скопје во најсилниот можен состав, натпреварот ќе го играат во сенка на траумата поради смртта на капитенот на Еспањол, Даниел Жарке (26), кој почина по тренинг во Италија, откако неговото срце запре.Македонија има шанси да покаже добра игра со Шпанија, што воедно ќе биде и…
Нуркачите во пештерата Врело на Матка дојдоа денеска до импозантна длабочина од 190 метри, со што пештерата се вбројува меѓу најдлабоките во Европа.Италијанскиот спелеонуркач Луиѓи Касати наиде на платформа на длабочина од 190 метри во Врело, каде има нов отвор со неистражена длабочина.Касати тука го запре нуркањето и се очекува тоа да продолжи во среда и во петок.Подводната пештера Врело, која беше номинирана во изборот за едно од седумте природни светски чуда, досега е истражувана неколку пати. Пештерата до неодамна беше затрупана од карпите кои стојат над неа.Најдлабоката подводна пештер…
Продолжува дистрибуцијата на бесплатните учебници од проектот „Бесплатни учебници за сите ученици во основните и средни училишта во Македонија.Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје ќе дистрибуира бесплатни учебници, во рамки на проектот „Бесплатни учебници за сите ученици во основните и средните училишта во Република Македонија“. На доставувањето на учебниците ќе присуствува и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски. Министерот Тодоров посетата ќе ја искористи за најава на нов проект на Министерството за образование и наука.{…
Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска свечено ќе биде отворен 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.На семинарот, што ќе трае до 27-ми овој месец, ќе учествуваат 90 слушатели, странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. На собирот во Охрид ќе присуствуваат и познатите македонисти академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка, професорите Кшиштоф Вроцлавски и Јан Со…
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, истакна дека од 22 март до 4 април во земјава со авионски превоз, хуманитарни конвои и помош од други земји се вратени 2207 македонски граѓани.
Тој изрази голема благодарност до луѓето во кризниот тим на МНР и сите други институции кои помогнале да се вратат граѓаните дома во многу тешки услови.Димитров подвлече:
-За овој потфат ниту имаме претходни искуства, ниту имаме соодветни обуки, ниту имаме доволно луѓе во амбасадите и конзулатите. Имаме и големи успеси, но правиме и грешки. Добиваме секакви пораки, о…
Британската Амбасада во Скопје од денеска ќе почне да прима телефонски повици и електронска пошта за аплицирање за виза.Апликантите на кои ќе им биде потребна понатамошна помош во врска со аплицирањето можат да се информираат на веб страницата www.visainfoservices.com или телефонски на +442-0-70-997-270.Телефонскиот повик чини 14 американски долари кои се плаќаат со „виса“ или „мастеркард“преку безбеден автоматизиран систем.{loadposition content9}
Осум години од трагичното загинување на десетте македонски војници кај Карпалак, припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп, се навршуваат денеска.По тој повод, владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски ќе им оддаде почит на загинатите припадници на резервниот состав на АРМ и ќе положи венец на спомен обележјето.Конвој на АРМ пред осум години беше нападнат од албанските терористи во месноста Карпалак, на автопатот Скопје-Тетово, при што загинаа десет резервисти од Прилеп.{loadposition content9}