Сеп 7, 2009

Вадењето на „Илинден“ се одложува

Доколку временските услови бидат поволни бродот „илинден“ ќе биде изваден од Охридското езеро во некој од наредните денови за да се изврши детална експертиза за причините за несреќата.Околностите и причините за потонување на туристичкиот брод „Илинден“ во саботата на Охридското Езеро ќе ги утврдува мешовитата Комисија, составена од експерти за внатрешна пловидба од Македонија, Бугарија и Хрватска.Комисијата во неделата ја одржа првата средба, а експертскиот тим го посети местото на кое во саботата загинаа 15 патници од бродот, сите бугарски државјани.Повторно денес, е одложено извлекувањето…

Сеп 7, 2009

Серија земјотреси со интензитет од 7-8 степени

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираа нови земјотреси од серијата со епицентри во дебарското епицентрално подрачје, на околу 110 км југозападно од Скопје. По првиот најсилен земјотрес од серијата, синоќа во 23 часот и 49 минути, денеска се регистрирани уште десетина земјотреси, од кои шест се почувствувани  во Дебар и други градови во западна Македонија: – во 00 часот и 01 минута, со интензитет од 4-5 степени – во 00 часот и 03 минути, со интензитет од 3 степени – во 00 часот и 24 минути, со интензитет од 4 степени – во …

Сеп 4, 2009

Започнува манифестацијата „Тиквешки гроздобер“

Традиционалната стопанско – туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер 2009“ – Општина Кавадарци, започнува денеска со пригодна програма.Манифестацијата, како што е соопштено, ќе биде свечено отворена точно напладне.Тиквешкиот гроздобер претставува еден вид продолжение на една долга и богата традиција, која на овие простори се одржувала од антички времиња, кога во чест на богот на грозјето и на виното Дионис, биле одржувани т.н. “Дионисови денови”.На овие свечености на кои присуствувало целото население, се јадело, се пиело и се веселело неколку дена.Кавадарци, како домаќин на манифестаци…

Апр 6, 2020

МПЦ-ОА: Да се почитуваат владините мерки, литургискиот богослужбен живот да се прилагоди на вонредната ситуација

Светиот Архијерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, денеска уште еднаш упати повик до парохиското свештенство, монаштвото и верниците, за почитување на веќе утврдените владини мерки, со цел за да се намали ширењето на заразата од Ковид-19 и да се заштити здравјето на населението. САС на МПЦ-ОА во соопштението ја истакнува потребата од продолжување на вонредната мерка за јавните собири, која прецизно го ограничува движењето и групирањето на луѓето, а која ќе важи како за овие денов…

Сеп 4, 2009

Новите депоа за националниот фонд на аудиовизуелни добра

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Кинотеката на Македонија ќе ги пушти во употреба новите депоа за националниот фонд на аудиовизуелни добра, со што оваа институција првпат во своето 35-годишно постоење ќе добие оптимални услови за чување на националната филмска продукција. Депоата се изработени според градежно-техничките стандарди за чување филмови препорачани од светската асоцијација на филмски архиви – ФИАФ. Отворањето на депоата во сутеренот на Кинотеката е прва фаза од капиталниот проект на Владата и Министерството за култура. Во тек е реализацијата на втора…

Сеп 3, 2009

Кастрење на буџетот

Кратење на приходите и расходите за 3,2 проценти, се предвидува со новиот ребаланс на буџетот, прифатен на вчерашната владина седница.Со ребалансот, кој дополнително треба да биде усвоен од Собранието, ќе бидат сопрени капитални инвестиции и проекти, а ќе нема ни нови вработување во државната администрација освен оние што се однесуваат за еврооинтегративните процеси и за исполнување на обврските од Рамковниот договор.Со најновите владини пресметки, целосно ќе се стопира набавката на нови автобуси, ќе се одолжи и доградбата на стадионот “Филип втори“, одложена е и изградбата на музејот на ВМ…

Сеп 3, 2009

Од фондот на Сорос 810,000 евра за Македонија

Вкупно 812,000 евра помош за намалување на штетите од глобалната економска криза се наменети за Македонија од Ургентниот фонд на Џорџ Сорос.Американскиот финансиер и филантроп Сорос формираше Ургентен фонд во износ од100 милиони долари, наменети за 20 европски држави, во кои функционираат неговите национални фондации.Во фокусот на овој Фонд ранливите група граѓани, кои се најсилно погодени од кризата, граѓанските здруженија и организации, кои треба да се прилагодат на новите кризни околности, како и одржување на вредностите на отвореното општество.Критериумите за распределба на средствата, …

Сеп 2, 2009

Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот

Скопје од оваа недела ќе биде домаќин на 14-то културно Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот, за кое детали ќе бидат соопштени денеска на прес конференција.На пресот ќе се обратат скопскиот градоначалник Коце Трајановски, министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска, генералниот секретар на Биеналето на млади уметници, Алесандро Стило и Емил Митевски од Асоцијацијата за младинска и меѓународна соработка.Културното Биенале официјално ќе почне на в четврток и ќе трае до 12 септември. Повеќе од 700 млади уметници од Европа и од Медитеранот ќе творат седум уметнички области в…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top