Апр 9, 2020

ДОНАЦИИ ВО ОПРЕМА, ДОБРА И ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНА ВИРУСОТ

Министерството за здравство изразува голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Особена благодарност упатуваме за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот. Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната к…

Сеп 18, 2009

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски.Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на собирање и на крај е ре…

Сеп 18, 2009

„Илинден“ денес треба да биде извлечен на површината

Доколку бидат поволни временските услови, предвидено е во текот на денов да започне извлекувањето на потонатиот брод „Илинден“ од водите на Охридското Езеро. За денеска е предвидено само извлекување на бродот на површината на езерото, додека одвлекувањето на „Илинден“ до каналот Студенчишта најверојатно ќе се врши друг ден, за што ќе биде ангажиран брод на Министерството за внатрешни работи.Активностите околу извлекувањето на „Илинден“ се одвиваат согласно строго утврдена процедура и план изготвен од страна на екипата на специјализираната компанија „Дубина“ – хрватската фирма за подводни ак…

Сеп 17, 2009

Македонија ги исполни условите за визна либерализација

Македонија ги исполни сите услови за укинување на визите за нејзините граѓани за патување во земјите на ЕУ, додека Србија и Црна Гора иако имаат направено „значаен напредок“, мора да извршат уште некои дополнителни задачи, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава на еврокомесарот Жак Баро.Во разговор со европратениците, Баро и шведскиот министер за Европа Сесилија Малмстрем, соопштија дека трите држави од Западен Балкан ги имаат сите изгледи од Нова година да бидат вклучени меѓу земјите со безвизен резим во шенгенскиот простор на Европската Унија.Србија, меѓутоа, како што јави дописникот на …

Сеп 17, 2009

Конференција за иднината на Балканот

Преосмислување на дијалогот и иднината на Балканот се тема на конференцијата што денеска во хотелот Стоун Бриџ во Скопје се одржува во организација на Советот за глобална соработка.На конференцијата ќе учествуваат припадници на невладиниот сектор и влијателни тинк-тенкови, експерти за надворешна политика од сите балкански земји.Македонскиот совет за глобална соработка изготви и нон пејпер во смила на препорака до македонските институции, за промовирање на дијалогот и добрососедството на Балканот и посветеност на евро-атлантската иднина на Македонија.{loadposition content9}

Сеп 16, 2009

Европарламентот расправа за визната либерализација

Пратениците на Европскиот парламент денеска треба да дискутираат за укинувањето на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора за патување во ЕУ од почетокот на наредната година.На маргините на седницата во Стразбур учествуваат македонски парламентарци, кои лобираат за визната либерализација, како и за добивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ за полноправно членство.Правната процедура за укинување на визите се очекува да започне на крајот на септември во Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. Европскиот Парламент во октомври се очекува да донесе резолу…

Сеп 16, 2009

МАНУ ќе ја промовира Македонската енциклопедија

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во Македонската опера и балет ќе ја промовира Македонската енциклопедија. На промоцијата ќе присуствува премиерот Никола Груевски. Промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов. Академиците Владо Камбовски и Гане Тодоровски ќе ја промовираат енциклопецијата, а обраќање ќе има и главниот редактор, академик Блаже Ристовски.  Издавач на публикацијата е МАНУ.{loadposition content9}

Сеп 16, 2009

Започнува извлекувањето на „Илинден“ од Охридското Езеро

Група нуркачи од сплитската фирма „Дубина“ специјализирана за подводни активности, денеска ќе пристигнат на местото на потонувањето на бродот „Илинден“ и ќе започнат со инсталација на опремата за негово извлекување на брегот.Активностите ќе стартуваат со испитување на теренот, како и со подводно снимање на трупот на потонатиот брод со посебни ултра-звучни апарати. Иако „Илинден“ се наоѓа на само 6 до 7 метри длабочина и на неколку стотини метри од брегот, сепак активностите на извлекувањето од водите на Охридското Езеро ќе се одвиваат во неколку фази, а самиот процес не се очекува да заврши…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top