Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата зе…
Информативен ден за првиот повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, ќе се одржи денеска во Струмица.Станува збор за проекти кои што ќе бидат финансирани со средства од ИПА фондовите на Европската Унија (ЕУ).Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, вкупните средства кои што стојат на располагање во овој проект за двете држави се 4.131.652 евра, а само за Македонија се предвидени 1.836.000 евра.Проектните предлози треба да се насочени кон две области: економски развој и социјално зближување, како и подобрување на квалитетот на живеење.На македонска страна овој ре…
Семинар за влијанието на терминологијата што произлегува од процесот на преведување на правото на Европската Унија врз македонскиот јазик ќе се одржи денеска и утре во Скопје.Семинарот насловен „Евроинтеграциите и македонскиот литературен јазик“ со воведно обраќање ќе го отвори вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.Целта на семинарот е запознавање и обучување на целните групи со начините и правилата за утврдување на терминологија по стандардите и во духот на македонскиот јазик. Исто така ќе стане збор и за подобрување на нивото на квалитет на преводите на правото на ЕУ…
Министерката за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре ќе има обраќања на 35-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, која се одржува од 6 до 23 октомври.Канческа-Милевска, која е и шеф на делегацијата составена од претставници на министерствата за надворешни работи, за образование и наука и за животна средина и просторно планирање, денеска во името на Република Македонија ќе се обрати на главната пленарна седница на 35-та Генерална конференција, а утре ќе се обрати на Пленарниот форум на министри, соопшти Ми…
Вакцината на „Новартис“ е единствена вакцина која беше понудена на тендерот и е во одобрените вакцини од Европската медицинска агенција.Компанијата „Кемофарм“ од Скопје, која е овластен дистрибутер за Македонија на фармацевтскиот производител „Новартис“, е избрана за најповолен понудувач за набавка на вакцината против вирусот тип А (Х1Н1), реши Комисијата за јавни набавки при Министерството за здравство. – Вакцината против вирусот тип А (Х1Н1) на „Новартис“ е единствена вакцина која беше понудена на тендерот и е во одобрените вакцини од Европската медицинска агенција (ЕМЕА) за дистрибуција …
Министерството за здравство денеска треба да донесе одлука од кого и какви вакцини ќе купи за превенција од новиот грип А(Х1Н1).Одлуката ќе биде донесена откако претходно ќе се знае дали Холандија ќе може да и испорача вакцини на Македонија, од кои дел треба да бидат донација, а дел да се платат.Доколку Холандија не одговори позитивно на македонското барање, најверојатно вакцината на „Новартис“против грипот А ќе биде избрана од страна на Министерството за здравство.Министерот за здравство Бујар Османи вчера изјави дека кинеската вакцина, иако е со најниска цена, најверојатно нема да биде пр…
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи.Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, земјите идни претседавачи со ЕУ – Белгија и Шпанија, како и земјите од Балканот – Хрватска, Србија, Ко…
Над 100 еминентни светски борци за права на жената ќе учествуваат на меѓународната конференција “Мир и безбедност-феминистичка алтернатива“, што започнува денеска во Скопје.На дводневната конференција е најавено учество на мировни активистки, политичарки, експертки и претставнички на образовните и владини родови институции од 23 земји од Европа, Блискиот Исток, Кавказот и САД.Почесна гостинка на конференцијата ќе биде позната светска писателка Навал Ел Садави од Египет, која поради активизам за женски човекови права, во 80-те години од минатиот век беше затворена, а нејзините книги долго вр…