Во организацијата на агенцијата „Марили“ денеска во Скопје ќе се одржи изборот на 10 најуспешни жени менаџери во Република Македонија.За најуспешни за изминатата година се прогласени Марица Угриновска – Баткоска од ВИА Фарм од Вевчани, Леа Бенедејчич од ОNE, Калиопе Букле од Kaliopi Music production, Елена Пандева – Китрозоска од модната куќа Елена Лука, Виолета Поп-Василева од Евроинс осигурување, Винка Саздова од издавачкиот центар „ТРИ“, Валентина Сетинова од Порше Македонија, Александра Дилевска – Симова од Публицис, Верица Милеска – Стефановска од Агенцијата за обезбедување на имот и л…
Граѓаните од 1 мај годинава ќе добиваат сметки за електрична енергија со нов изглед, со пресметки за потрошувачка за 30 дена. Читањето на броилата ќе се врши во четири периоди, утврдени според различни реони, а доставата на фактурите ќе ја врши Македонска пошта.Тоа е предвидено со новиот систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија што го презентира вчера „ЕВН Македонија“ и најави дека ќе биде применет од 1 мај.- Сите потрошувачи ќе имаат ист третман, односно ќе имаат иста количина фактурирана електрична енергија во сметката, од околу 30 дена. Ќе имаат различни…
Владата ќе ја разгледува можноста за измена на правилникот за употреба на ПП апарати. Владата на последната седница побара од Дирекцијата за заштита и спасување да достави информација за причините поради кои е избран видот и количината на противпожарните апарати кои треба да ги има во возилата, за да ја разгледа можноста за измена на Правилникот со што би се дозволила употреба на ПП апарати и со помала и поголема тежина.Целта е да се намали трошокот за граѓаните и да им се даде поголем избор при снабдувањето со противпожарни апарати за нивните патнички моторни возила.Дирекцијата за заштита …
Македонското министерство за надворешни работи утрово и врачи протесна нота на грчката амбасадорка Александра Пападопулу поради неодамнешните скандирања на грчките војници кои за време на парада во Атина извикуваа дека ,,ќе направат облека од кожата на Македонците,, а Албанците ги нарекуваа ,,свињи,,. Пападопулу скандалот го нарече ,, изолиран инцидент кој не треба да се преувеличува и да се користи за политички цели,,. ,, Инцидентот не ги одразува чувствата и сфаќањето на грчкиот народ,,-изјави грчката Амбасадорка која не го осуди однесувањето на грчката армија. Протесната нота и ја врачи …
Со поместување на стрелките на часовниците за еден час напред в нелела (28 март) во 2 часот почнува летното сметање на времето Вообичаено летното сметање на времето стартува во последниот викенд од март со поместување на часовниците од 2 на 3 часот.Во Македонија и во државите од нејзиното опкружување летно и зимско сметање на времето е воведено од 1983 година.Преоѓањето од летно во зимско време првпат е применето во 1916 година во земјите од Северна Европа, а досега е воведено во 70 држави во светот. Целта е да се заштеди енергија со тоа што ќе се зголеми периодот на дневна светлина.Во САД …
Грчката Влада е решена да преземе иницијативи за изнаоѓање решение за спорот со Македонија околу името и покрај тешката економска криза во која се наоѓа Грција, објави вчера атинскиот весник „Вима“ Весникот тврди дека за таа цел во четврток во Брисел грчкиот премиер Јоргос Папандреу ќе се сретне со својот македонски колега Никола Груевски. Според весникот, средбата, која е на иницијатива на Атина, изнанадила многумина, како поради избраниот тајмниг, така и поради местото на одржување.- Фактот што Папандреу е решен да разговара за македонското прашање за време на одржувањето на Европскиот со…
Во Македонија нема милијардери, но се знае за неколку стотини домашни милионери. Тие поседуваат акции во металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите, фармацевтските куќи, како и во болници, банки. Во време на економска рецесија, лани македонски бизнисмен како чист приход за оданочување пријавил 15 милиони евра. Една година пред овој фискален период, скопски и битолски бизанисмен, сопственици на компании, заработиле 20, односно 30 милиони евра профит, што предизвика и вчудоневиденост и кај даночните служби. Истовремено, газда на една позната профитабилна ИТ компанија, стекнал …
Република Македонија официјално излезе од рецесија, откако во четвртото тромесечје од 2009 , бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат дека граѓаните не го почувствувале растотТој додаде дека Македонија ја заврши 2009 година со негативна стапка на раст од 0,7 отсто .„Остварените резултати, особено доколку се искомбинираат со намалување на невработеноста во текот на 2009 година, покажуваат дека Македонија во целина успеа да ја преброди кризата со најмали можни последици и спречени се негативните последиц…