Според официјалните податоци индексот на сиромаштија во Македонија изнесува околу 30 отсто, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен. Додека експертите укажуваат на потребата од подобра социјална политика, Министерството за труд и социјална политика најавува двегодишен проект за социјално вклучување и борба против сиромаштијата.Граѓаните се жалат дека во земјава се живее се полошо, а платите одвај им стигнуваат за да ги исполнат основните потреби. Експертите велат дека властите треба да преземат поголеми чекори во борбата со сиромаштијата. Повеќе од 53 илјади семејства земаат социјал…
„Малиот бог на љубовта” е насловот на долгометражниот игран филм што во режија на Жељко Сошиќ денеска треба да почне да се снима во Подгорица. Филмот е во продукција на Догма студио и Горатон од Црна Гора и Кавал филм од Скопје, а како ко-продуцент се јавува и продуцентската куќа А-Аталанта од Словенија. „Малиот бог на љубовта” е поддржан од Министерството за култура, спорт и медиуми на Црна Гора, а Филмскиот фонд на Македонија на последниот конкурс, за овој филм одобри средства во висина од три милиони денари. Во проектот се ангажирани голем број македонски филмски работници, автори и акте…
Солунскиот епископ Антим, дури и велигденските празници ги користи да го подгрева грчкиот антимакедонизам.На службата во Солун во, ноќта спроти Велигден, епископот ги убедуваше верниците дека Македонци не постојат.Епископ Антим, наместо да испрати Велигденска христијанска порака за мир и разбирање, се произнесе со политички говор во кој побарал од верниците да ја поддржат грчката црвена линија во спорот околу името на Македонија.Грчкиот поп, беше на истите ставови со заменик – министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас кој, исто така, не се воздржа и за Велигден да испрати…
Фалсификувани евра што се пуштаат во оптек на македонските пазари повеќе ги загрижуваат надлежните институции за борба против овој вид криминал отколку лажните денари. Фалсификуваните валути на ЕУ, во земјава доаѓаат исклучиво од странство, за разлика од лажните денари, кои поединци или мали групи ги изработуваат на домашен терен во импровизирана печатница на обична компјутерска технологија, која ни оддалеку не е доволна за се направи успешен фалсификат. Тоа не е случајот со лажните евра, кои се дело на професионални фалсификатори и се изработуваат во пософистицирани услови, па можат подолг…
Православните и католичките верници утре го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.Велигденското јај…
Додека еден спиел на работното место тројца се пијанчеле, нивна колешка фалсификувала податоци, на други пак им бегале приведните. Шеснаесет полициски служебеници се парично казнети од 10% до 20% од плата во времетраење и до шест месеци.Најголема казна измината недела заработила служебеничка од СВР Куманово. Работела како помлад референт за лични карти, а службената положба ја злоупотребила со внесување на невистинити податоци во компјутерската евиденција. М.Е. во наредните шест месеци за делото кое го направила ќе добива за 20% по мала плата.Тројца полицајци за консумирање алкохол ќе добив…
Биљана е млада жена која годинава втор пат во нејзиниот живот ги практикува великднеските пости. Во оваа последна недела од 40 дневниот пост тврди дека не чуствува тешкотии поради тоа. Напротив.„Не ми е воопшто тешко, втора година ми е, има многу производи како замена за месото, всушност овие 6 недели се чуствувам подобро од периодот кога не се пости“Постарите зачудениПостот станува се’ помасовен обичај во Македонија. Од година во година се побројни стануваат луѓето, особено младите кои ја почитуваат определбта за духовно и телесно прочистување во пресрет на некој од големите христијански п…
Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.На Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста на Христовото воскресение.На Велика среда Еврејското црковно собрание (Синедрионот) одлучува Исус да биде осуден. Кај Гетсеменската градина Исус е приведен по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок.По импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесн…