Апр 10, 2010

Сочувство од претседателот Иванов до полскиот народ

Ова е голема трагедија не само за пријателскиот Полски народ туку и за сите граѓани на Република Македонија сочувство од претседателот Ѓорѓе Иванов.„Сакам во мое и во име на сите граѓани да изразам најдлабоко сочувство на полскиот народ до семејството на мојот личен пријател претседателот Качински, до семејствата на трагично настраданите. Во овие мигови на длабока тага нашите срца и мисли се со пријателскиот полски народ“, изјави Ѓорѓе Иванов.{loadposition content9}

Апр 10, 2010

ФЗО воведува специјалистички пакети

Oд први овој месец, докторите специјалисти мора да работат во согласност со специјалистичките пакети креирани од Фондот за здравство во соработка со Лекарската комора. Новината, како што велат од Фондот за здравство, што ја носат овие специјалистички пакети е тоа што кога пациентот има одредено дијагноза, докторите однапред ќе имаат шема според која треба да се водат во текот на неговото лекување. Согласно дијагнозата ќе се знае и цената на тој пакет.Од приемот на пациентот во ординацијата, па се до исписот, пациентот ќе се лекува според специјалистичките пакети. Засега се утврдени пакети …

Апр 9, 2010

Уредување на езерските крајбрежја за подобра туристичка понуда

Реализацијата на проектот Министерството за транспорт и врски го почнува денеска со објавување повик за доделување договор за јавна набавка за изградба на патеките околу Дојранското Езеро, Езерото Младост, Мавровското Езеро и Габеловото Езеро.Тие езера се опфатени со првата од предвидените четири фази со проектот, со чија реализација, според министерот за транспорт Миле Јанакиески, во согласност со туристичките стандарди, ќе се создадат места за спорт и рекреација на туристите.- На тој начин ќе се зголеми интересот за посета на домашните и странските туристи, што значи и подобрување на усло…

Апр 9, 2010

Казните за фирмите ќе се менуваат

Сто шеесет закони со околу 6.000 казнени одредби до крајот на јуни годинава треба да бидат коригирани. Во наредниот период инспекторите само ќе ги опоменуваат фирмите бидејќи одредени законски казни ќе бидат намалени и до 50 проценти, а некои ќе бидат зголемени и за 100 отсто. Со нивната корекција ќе се преполови и зафаќањето од Буџетот кое сега е 0,3 проценти, односно 7,5 милиони евра. Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, Владата ги усвои мерките за унапредување на казнената политика на последната седница и тие се во корелација со бизнис-заедницата, министерствата …

Апр 9, 2010

Шверц на 3 тони пилешко од Македонија

Неуспешен обид да се шверцува пилешко од Македонија во Бугарија. Откако бугарски државјанин легално од Струмица купил три тони пилешко месо, се обидел нелегално да го извезе. Со намера да ја избегне царинската контрола, на граничниот премин Ново село пријавил дека комбето е празно, а месото го сместил во посебна преграда. По контролата од страна на царинските служби констатирана е непријавена стока. Против возачот Царинската управа ќе поведе соодветна постапка за утврдување одговорност. Пилешкото месо е со потекло од Бразил и е увезено со сите потребни анализи и дозволи. Откако е одземена, …

Апр 8, 2010

Повеќето македонски жалби во Стразбур се лошо подготвени

Од вкупниот број предметите коишто пристигаат против Република Македонија во Европскиот суд за човековите права во Стразбург, 85 отсто од нив завршуваат како недопуштени, како резултат на лошо подготвени жалби, не ретко и од формално-правни причини Ова го изјави судијата во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова-Трајковска денеска на маргините на обуката за недискриминација, која се одржува во Академијата за судии и јавни обвинители.Таа посочи дека не се запазува рокот од шест месеци и не се бара од Европскиот суд за човекови права да постапува како суд од четврта истанца или, па…

Апр 8, 2010

Ромите се борат против предрасудите

Младите образовани Роми од повеќе европски земји работат и се борат за промена на одамна вкоренетите стереотипи за нивниот народ и тивката дискриминација, која се’ уште постои. Тие се борат за промовирање на заедничка европска визија. Интернационалната кампања „Типичен Ром“, која се реализира во неколку балкански земји, меѓу кои и Македонија, беше чекор во таа насока.Координаторот на проектот за Македонија, Мустафа Јакупов потсетува дека Ромите се тука и треба да им се посвети внимание, за и тие да го најдат своето респектирано место во општеството. „Во Македонија и покрај се’, како што кон…

Апр 7, 2010

„Велофест“ – Прв фестивал за велосипеди од денеска до 30 април

Првиот фестивал за велосипеди „Велофест“ ќе биде отворен вечер во Младинскиот културен центар во Скопје, а покрај во главниот град до крајот на месецов ќе се одржува во уште десет општини. – Фестивалот е посветен за промоција на велодипедизмот преку културата. Целта е низ фотографски изложби, филмови и дизајн на велосипеди да се подигне културата за секојдневно возење и за нивно користење како превозно средство, рече на прес-конференција Бојан Ранташа, координатор на „Велофест“.Фестивалот вечер ќе биде отворен со две филмски проекции – документарниот филм „Кога водата тивко шумоли“ по идеја…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top