Апр 17, 2010

Денес во Македонија ден на жалост

Владата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи денешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост, по повод трагичната смрт на полскиот претседател Лех Качински. „Одлуката е донесена по повод трагичната смрт на Претседателот на Република Полска, Лех Качински, неговата сопруга Марија и високите полски државници, кои го загубија животот во авионската несреќа што се случи на 10 април 2010 година во Смоленск, Руската Федерација и претставува израз на сочувство кон семејствата на трагично загинатите лица и кон пријателскиот полски народ,“ стои во соопштението на Владата на Република …

Апр 17, 2010

Со „Калашњиков“ дошол по возачка во Скопје

Инцидент пред АМСМ, 23 годишно момче попладнево со Автоматска пушка барал одговор на прашањето – Зошто паднал на полагање за возачка дозвола Земри Рамадани (23) попладнево полагал за да добие возачка дозвола во АМСМ во Скопје. Откако комисијата не била задоволна од неговите возачки знаења и вештини и го паднале на испитот, Земри заминал револтиран.Се вратил после половина час, но овојпат со Автоматска пушка односно познатиот „Калашњиков“. Земри се заканувал кон членовите на комисијата, но не се сличил поголем инцидент.Припадници на полицијата пристигнале на лице место, по што Рамадани бил п…

Апр 17, 2010

Царината ги фаќа на дело, судовите ги враќаат на работа!

Со процеси кои траат просечно по неверојатни четири години против цариници кои ја злоупотребиле должноста,  Царината во моментов има околу 140 отворени предмети на суд, како и 200 процеси за кривична одговорност. Главно станува збор за цариници кои добиле отказ од работното место заради злоупотреби на позицијата, од примање мито до помагање на шверц и слични активности. Додека траат неколкугодишните спорови тие и натаму работат во Царината. Првиот човек на Управата вели дека ова е алармантна состојба на која Царината губи многу од своите ресурси. Во некои денови треба да се појави дури и на…

Апр 16, 2010

Ги голтна темнината

Полицијата со несмален интензитет продолжува со потрагата по исчезнатите деца од Куманово и сериозно ги анализира околностите во кои се случил настанот.МВР не отфрла ниту едно можно сценарио или алтернатива, вклучувајќи ја и можноста за трговија со деца или органи.Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска информира дека засега нема ниту еден индикатор кој би водел во насока за можност од постоење криминална група која се занимава со трговија со деца. Сепак, потенцира таа, како сериозна институција ги анализираате сите информации, вклучително и информациите кои ги презентир…

Апр 16, 2010

Солзи и пендреци во Шутка 102,3 отсто

Лути фрлаа со камења кон полицајците, по што тие употребија солзавец за да ја растераат толпата. Околу 200 пазарџии со камењата оштетија неколку полициски џипови, но специјалците успеаја да ја смират ситуацијата, иако очевидци на настанот велат дека нивното присуство изгледало како подготовка за војна.Причина за инцидентот кој вчера попладнето се случи во близина на отворениот пазар во ромската населба била акцијата на пазарната инспекција, при што на пазарџиите им била запленета стока, фалсификати на познати светски текстилни марки и техничка стока, во вредност од околу 20.000 евра.Акцијат…

Апр 15, 2010

Падна Муратовски

Мнозинството членови на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија донесоа одлука за смена на досегашниот претседател на Синдикатот, Ванчо Муратовски, а за в.д. претседател го назначија Живко Митревски, претседател на гранковиот Синдикат за шумарство.Митревски по седницата изјави дека одлуката е донесена едногласно од страна на 40 присутни членови, од вкупно 64 членови на Советот на ССМ.Претседателите на неколку гранкови синдикати неодамна покренаа иницијатива за смена на Муратовски, оспорувајќи го неговиот избор на последниот конгрес.{loadposition content9}

Апр 15, 2010

Алфите и Специјалците во акција на пазарот во Шутка

Фалсификати на големите светски текстилни марки запленети на отворениот пазар во популарната Шутка. Акцијата е на барање на Владиното координативно тело за заштита на авторски права и индустриска сопственост, а со асистенција на МВР.На пазарот се запленети големи количини на производи, текстил, но и техничка роба.Трговците на црно на пазарот ја дочекале акцијата со негодување и вербални навреди упатени кон инспекцијата.- Акцијата во Шуто Оризари е прва и нема никаква тенденција. Редовно имаме акции насекаде низ Македонија каде што има фалсификувана брендирана роба – изјави претседателот на …

Апр 14, 2010

Македонски компании ќе бидат вклучени во изградбата на аеродромот во Скопје

ТАВ му преостанува да одлучи кои компании ќе ги вршат градежните работи, информира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.- Во најголем дел македонски компаниии ќе го понесат товарот за изградба на македонските аеродроми. Тоа за мене е најбитно затоа што македонски работници ќе го изградат аеродромот, а само технички лица од Турција ќе вршат надзор на градбата, појасни Јанакиески.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top