Апр 21, 2020

Олабавување на старите, но и сет нови предлог мерки во борабата со COVID-19 во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната апорес конференција истакна дека се задоволни од начинот на кој се спрвауваат со епидемијата на КОВИД 19 во земјава. Тој објасни дека бројот на заболени се движи линеарно, поради што на владата ќе и ги достават предлог мерките да се скрати полицискиот час, од понеделник до како и за време на викендот. Исто така на дневниот ред на седницата на Владата која треба да се одржи утре ќе се најдат и новите предлог мерки за задолжително носење на заштитна опрема во затворени простории и на отворено каде не е можно да се одржи дистанца подолга од дв…

Апр 21, 2020

Потврдени 7 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани случаи е 1231, оздравени се 24 пациенти – почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3. Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина. Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2. Бидејќи во вчерашниот изв…

Апр 20, 2020

Пензиите во готово ќе се исплаќаат етапно, почнувајќи од 27ми април

На својата последна одржана седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година. Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловн…

Апр 19, 2020

Задолжително носење лична заштитна опрема за граѓаните во Куманово, Тетово и Прилеп

Владата на Република Северна Македонија на својата 44 седница што се одржа денеска, донесе повеќе одлуки, мерки и препораки кои произлегуваат од 30 состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на денеска, а кои се однесуваат на Куманово, Тетово и Прилеп. Владата го задолжи Аднан Џаферовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, со уште двајца членови од Главниот координативен кризен штаб да биде во комуникација со Oпштинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово,…

Апр 17, 2020

МВР: ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС НЕ СЕ ПОЧИТУВА ДОСЛЕДНО, ПРИВЕДЕНИ 56 ЛИЦА

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот 16/17.04.2020 година, а по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 83 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 56 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 163 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица не ј…

Апр 16, 2020

107 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација. Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 28 Куманово -44 Дебар – 2 Штип – 1 Прилеп – 11 Тетово – 5 …

Ное 2, 2009

40 години ФДУ

Факултетот за драмски уметности(ФДУ) во понеделник прославува 40 години постоење, а централниот настан ќе биде изведбата на перформансот „Фатум“.Покрај перформансот, во рамки на прославата ќе биде прикажан и краток филм за ФДУ и средба на генерации дипломирани студенти.Прославата на јубилејот почна во понеделникот со промоција на книгата „Театарот и неговиот двојник“ на Антонен Арто. Во текот на неделата беа прикажани филмски проекции на студентите по филмска и телевизиска режија, снимање и монтажа и беа одиграни четири претстави: „Ескоријал“, „Салома“, „Вака, вака и вака…“ и „Пикник на ф…

Окт 31, 2009

„Кармина бурана“ вечерва на сцената на МО

На сцената на Македонската Опера и Балет вечерва ќе биде изведена сценската кантата „Кармина бурана“ на Карл Орф.Кореографијата и либретето на претставата е на Кан Аслан од Турција, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, а костимите се на Гизем Бетил од Турција. Асистент на кореографот е Ана Лусија Фереира од Португалија.Под диригентската палка на Бисера Чадловска настапуваат солистите на Балетот Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Ивана Коцевска, Дмитро Чеботар (Украина) и Бобан Ковачевски, а како оперски солисти ќе ги видиме Славица Галиќ-Петровска (сопран), Горан Начевски (баритон)…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top