Јун 1, 2010

Денеска започнува OFF-Fest

“Баклава” за прв пат настапуваат на овој “world music” собир, а Ајнур, која важи за една од најпознатите турски етно-вокали со светско реноме, меѓу публиката е позната и по настапот во филмот на режисерот Фатих Акин, документарецот “Звуците на Истанбул”.Ајнур е Турчинка со курдско потекло и најголем дел од песните ги пее на курдски јазик. Нејзиниот албум “Kece Kurdan” беше времено цензуриран во Турција, во 2005 година, поради тоа што ги “охрабрувал жените да одат во планините и да имаат сепаратистички ангажмани”.Ајнур е позната и по извонредните концертни настапи, а во Скопје ќе го промовир…

Мај 31, 2010

Прва подморница во Македонија – Немо ќе влегува во Врело

Во втората половина на јули германската компанија „Немо“ со специјално дизајнирана подморница ќе влезе во длабочините на пештерата Врело, кај кањонот Матка.Утре конструкторите на „Немо“ пред планинарскиот дом на Матка ќе ги промовираат подморниците со кои ќе се влегува во Врело и во Охридското Езеро.Германските нуркачи утре заедно со македонските колеги од спелеолошкото друштво „Врело“ ќе влезат во една од најатрактивните подводни пештери во Европа – Врело за да ја испитаат нејзината внатрешност и можноста за спуштање на подморницата{loadposition content9}

Мај 29, 2010

Важно министерот се слика

Пациентите од одбраните 12 ординации се уште не добиле електронска здравствена картичка затоа што не е инсталирана компјутерската програма, иако пред три дена, по нејзината јавна промоција, министерот Бујар Османи најави дека со тоа веднаш почнува испраќањето на здравствените книшки во историјата. Засега се издадени само две картички, оние со кои министерот се сликаше на јавното претставување на овој проект.- Бевме на обука и, според најавите, до први јуни во сите ординации треба да почнат да се даваат картички, но засега немаме добиено подетални информации кога ќе се случи тоа – вели сопст…

Мај 29, 2010

Свештениците преку Интернет се отуѓуваат од верниците

Свештениците сé повеќе го користат Интернетот како медиум преку кој на полесен начин можат да дојдат до верниците и да го промовираат православието. Се отвораат блогови, портали, веб-страници, електронски пошти, се членува во социјалните мрежи. Сето тоа функционира во рамките на одредена епархија или, пак, го раководи свештено лице. Иако се збунети од ваквиот нов начин на комуникација со свештените лица, верниците полесно прифаќаат вака да ја изразуваат вербата во Бога, а сметаат и дека со комуникацијата преку Интернет повеќе се приближуваат и подобро се информираат за случувањата во црквит…

Мај 28, 2010

Мадам Пепи бара итна пресуда – брзала на роденден кај Цеца

Персида Момировска (39) побара од судот што е можно поскоро да донесе пресуда по нејзиното обвинението, затоа што брзала да одбере подарок за нејзината пријателка Цеца до 14 јуни кога и бил роденден.Персида не прифати следното рочиште да се одржи ниту на 15 јуни затоа што тој ден му било роденден на Хитлер.На денешното рочиште Мадам Пепи тврдеше дека нејзините клиенти носеле демоде гардероба затоа што облеката и била увезена во 2004 година. Како доказ достави потврда од Управата за јавни приходи на која стои датум од 2004 година, но во документот не пишува за која роба станува збор. Пепи тв…

Мај 28, 2010

Македонија да промовира „зелен туризам“

Македонија има извонреден потенцијал за развој на алтернативниот туризам, велат од Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам – “Балканија“, но државата треба сериозно да работи за да создаде предуслови за развој на туризмот, кој прво треба да ги привлече домашните, а потоа и странските туристи.Мотивацијата треба да се гледа во тоа што од овој сектор, вложените пари брзо се враќаат.- Македонија има извонреден потенцијал за развој на алтернативен туризам, за спа-центри и бањски туризам. Имаме и многу други можности, од типот на велосипедски, културен туризам, манифестации, традиционална…

Мај 27, 2010

Европски кредит за реконструкција на македонските болници

Создадени се услови за почнување на првата фаза од проектот за реконструкција на 20 јавни здравстевни установи по официјалното потпишување на договорот за заем со Банката за развој при Советот на Европа, потврдија на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи. Европската институција на Македонија и одобри кредит кредит во износ од 23 милиони евра. „ Станува збор за еден од покрупните проекти во последните 20 години во здравството, кое е единствениот сектор кај кој ќе има зголемување на финансиите со претстојниот ре…

Мај 26, 2010

Гулабите нема да ни ги бербатат спомениците на плоштадот „Македонија“

Откако општината Центар објави конкурс за набавка на апаратчиња со ултразвук што треба да се постават на сите споменици на плоштадот „Македонија“, за заштита од птиците, скопјани почнаа да се сомневаат дека овие зраци штетно ќе влијаат на животинскиот свет. Некои од нив стравуваат дека ултразвукот ќе придонесе за изумирање на птиците, дека ќе ги разбрка од нивните живеалишта на плоштадот, што не е добро за рамнотежа на екосистемот. Професор д-р Велимир Стојковски, ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој го истражувал влијанието на ултразвукот врз животинскиот свет, објаснил д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top