Сеп 9, 2010

Се празнува Бајрам

Рамазан Бајрам означува крај на постот и почеток на деновите за веселба.Првиот ден од Рамазан Бајрам, почнува со утринска молитва, наречена бајрам намаз. Се организираат јавни свечености, а верниците си разменуваат подароци и одат на гости.Рамазан Бајрам се слави на 1. шевал (десеттиот месец од муслиманскиот календар) и трае три дена, а верниците го сметаат за „празник на положениот испит“.Годинава Бајрам почнува на 9. септември, по завршувањето на рамазанскиот пост, кога муслиманите се воздржуваат од храна и пијалоци како и од зли мисли и дела.Сите муслимански верски празници се сметаат по…

Сеп 8, 2010

За некого празник, за некого делник

Работодавачите задолжително да им исплатат паричен надомест на работниците кои ќе бидат ангажирани за време на денот на независноста и на верскиот празник Бајрам, побара Министертсвото за труд и социјална политика. Им порача да внимаваат да не ги надминат дозволените прекувремени работни часови и најави засилен надзор по фирмите. Онаму каде ќе утврдат непочитување на Законот ќе следат парични казни од 7 и 15 илјади евра.Нема санкции за оние кои ќе ги спојат празниците со викендот. Личен избор на работодавачот е дали и петокот ќе го прагласи за неработен ден, велат од Министерството.{loadpos…

Сеп 7, 2010

Сите убиени во Аеродром биле мета на убиецот Денковски

Мета на автоматската пушка на Тони Денковски биле сите тројца настрадани во минатонеделното пукање во скопската населба Аеродром – објави телевизија АЛФА . Според нивни извори во истрагата Денковски првично имал намера да стрела во велешаните Јордан Јорданов и Владо Андреевски. Кога забележал дека на масата во кафеаната Биг Фиш седи и полицаецот Владо Милошев не се предомислил, напротив, тврдат извори од истрагата, помислил дека нарко мафијашите имаат полициска заштита и се решил да пука во сите. Ваквите сознанија се спротивни на информациите пласирани од полицијата дека само Јордан Јордано…

Сеп 7, 2010

Лебот нема да поскапи

Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема затоа што производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка, велат преработувачите.Тие почнале да купуваат жито од соседството, а дали ќе се зголеми цената на лебот зависи, како што нагласија вчера, од евентуалното поскапување на влезните суровини.- Ситуацијата е на некој начин стабилна, но е условена од случувањата во околните земји. Засега најавите од Србија се дека цената на пченицата ќе стагнира. Моментно се движи од 165 до 170 евра за еден тон – рече Благоја Стојчев, претседател на Групацијата за ме…

Сеп 4, 2010

Спаска доби отказ од работа во Блегоевград

По само неколку недели  вработена како учителка по англиски јазик во школото “Александар” во Благоевград, со нејзината неодговорност не успеа да ја задржи работата пренесуваат бугарските медиуми.Барала премногу слободни денови. Понеделник и петок да не работи, но и постојано барала замена- изјавуваат нејзините колеги , па децата на крај не сакале таа да работи со нив.Митрова во ова училште беше повикана од самиот директор , кој е лидер на партијата ГЕРБ .Тој вели дека Спаска неможела да се адаптира затоа што освен на децата требало да им предава на возрасни.Во последниот период бугарските н…

Сеп 3, 2010

Тони Димковски Бели е синоќешниот убиец

47 годишниот Тони Димковски, викан Бели од Скопје е лицето кое синоќа го извршил вооружениот напад во скопската населба Аеродром. Синоќешните информации дека велешанецот Тони Лазаревски е напаѓачот не се точни. Според полициски извори, Димковски денес сам се пријавил дека е извршител на тројното убиство во рибарницата Биг Фиш. Мотивот за нападот биле нерасчистените должничко доверителски односи. Целта на нападот неофицијално најверојатно бил велешанецот Јордан Јорданов Ркулот со полициско досие кому десетина бизнисмени од Скопје и Велес му должеле огромни суми пари.Убиството се случи синоќа…

Авг 31, 2010

Кафулињата ќе работат до 12 часот на полноќ

Преку недела може да работат од 07 до 24 часот, во петок и сабота, за и спроти празнични денови од 07 до 01 часот Од 1-ви септември за угостителските објекти ќе се скрати работното време, согласно Законот за угостителска дејност.Преку недела може да работат од 07 до 24 часот, во петок и сабота, за и спроти празнични денови од 07 до 01 часот. Ова важи за сите угостителски објекти за исхрана без оглед на видот услуги.Диско клубовите и диско клубовите на отворен простор ќе работат од 19 до 04 часот, односно до 06 часот во петок, сабота, за и спроти празнични денови.Државниот пазарен инспектора…

Авг 31, 2010

Македонско девојче во дискотеките на Тасос

И не е изненадување што Грците се осудиле да пуштаат ваква музика, тргнувајќи од фактот дека главни гости летово им беа токму Македонците. Кога се пари во прашање, не им пречи ништо Македонска музика летово ечи во дискотеките во Грција. Иако јужните соседи не ни ги признаваат името, нацијата и јазикот, се чини против музиката немаат ништо. Микс од македонски и грчки песни било главна забава во дискотеките, а за чудо се слушала дури и познатата Македонско девојче.И не е изненадување што Грците се осудиле да пуштаат ваква музика, тргнувајќи од фактот дека главни гости летово им беа токму Маке…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top