Од следната студентска година, 2011/2012 сите студенти од Западен Балкан плус Албанија ќе можат да студираат бесплатно на сите државни универзитети во Словенија, изјави за Макфакс, Алан Бергант, Амбасадорот на Словенија во Македонија.„Сега сме во фаза на потпишување на спогодби помеѓу двете министерства, со вашиот министер Тодоров, и се залагаме за мобилност како на студентите така и на професорите,“ рече Бергант и додаде дека се надева дека ваквите олеснителни околности ќе овозможат подобра и подлабока соработка меѓу факултетите во двете земји.„Се надевам дека ќе имаме повеќе студенти од М…
Денешен 22 септември е по традиција „Ден без автомобили“ во цела Европа. Сите граѓани на ЕУ се повикани да ги остават автомобилите и барем на овој ден да се движат со велосипед, или со средствата на јавниот сообраќај.Во Скопје, „Ден без автомобили“ беше одбележан со велосипедски карван.Велосипедската парада која стартуваше пред фонтаната во Градски парк, се движеше по булеварот „Илинденска“, улиците „Даме Груев“, „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, а заврши пред ЕУ Инфо центарот.Карванот го предводеше евроамбасадорот Ерван Фуере кој по пристигнувањето пред ЕУ Инфо центарот изјави де…
Најновиот изум на моменталната власт, “Појадокот на мостот”, уште еднаш покажа колку народот е гладен и сиромашен. Илјадници луѓе буквлано се “бореа” за парче леб и чаша сок!Иако беше предвидено појадокот да биде за 2.000, пред мостот се појавија можеби двојно повеќе луѓе. Обезбедувањето кое се наоѓаше на двете страни од Камениот мост беше немоќно да го воспостави редот, бидејќи имаше луѓе кои сакаа по секоја цена да појадуваат и буквално грабаа од послужавниците на келнерите и ставаа во ќеси.Мотивирани од стомакот, гладните гости не ни ги забележаа двајцата гитаристи и едниот виолончелист,…
Прилеп конечно ќе го добие својот фестивал на медот, во организација на пчеларското друштво од овој град. Манифестацијата ќе се одржи на 23-ти септември, а ќе трае три дена. Планирано е во центарот на градот да бидат поставени триесетина штандови, на кои свои производи ќе може да изложуваат, не само пчеларите од Прилеп туку и од цела Македонија.„Нашата цел е да го промовираме македонскиот мед и да го иницираме поголемото користење на медот како здрава храна и нашиот проект се вика Медот – инвестиција во вашето здравје“, изјави Сашо Зафировски, координатор на фестивалот.Пчеларите велат дека …
Еден македонски граѓанин кој со своето друштво престојувал на грчкиот остров Миконос, деновиве се врати во нашата земја, но без едниот бубрег.Момчето било намамено од девојка со која бил излезен во дискотека на островот. На крајот од ноќта заедно заминале во куќата каде девојката била сместена. Откако наредниот ден не се вратил во хотелот каде што бил сместен заедно со своето друштво, тие почнале да го бараат. Другарите успеале да го лоцираат единствено преку сеќавањето за девојката и распрашувајќи се на островот дали некој ја познава и каде евентуално живее или е сместена. Кога ја нашле ку…
Учениците од турската етничка заедница за малку ќе останеле без учебници бидејќи, речиси, сите преведувачи биле ангажирани да преведуваат турски серии. Така, фирмите што биле ангажирани да ги подготват книгите му се пожалиле на министерот за образование Никола Тодоров. Сепак, како што истакна Тодоров на вчерашната прес-конференција, учебниците биле готови на почетокот на училишната година и им се поделени на учениците. Но, според министерот, родителите му забележувале дека преводите се многу лоши поради што децата имаат потешкотии да го разберат материјалот.Што се однесува до најавената рев…
„Македонија, мала земја – голема храна. Македонија, вечна!“. Ова е слоганот за најновиот видео материјал кој ја промовира Македонија со преубавите национални јадења. Не можете да останете рамнодушни и „веднаш ви проработува стомакот“ веднаш штом ќе го видите видео материјалот исполнет со прекрасните специјалитети препознатливи за нашето подрачје.Во видео материјалот како понуда за јадење добивате преубави македонски сирења, македонска тава, охридската пастрмка, традиционалното гравче тавче, познатата штипска пастрмајлија, а секако тука е и преубавата македонска скара и уште многу други спец…
МАТ Ервејс ќе воведе редовни чартер-летови до европските метрополи, стартувајќи од 15 септември. Македонците на тој начин ќе имаат можност директно да летаат од Скопје до Швајцарија, Германија, Италија и други држави и тоа за 10 до 15 проценти пониски цени.Од 8 септември, МАТ во соработка со туристичката агенција Контики започна со летови до Прага, Рим и Барселона. Покрај тоа, во зависност од интересот на патниците, летови до Охрид истотака се можност.Шефот на компанијата изјави дека планот е да се биде најдобар во воздушниот сообраќај и полека, но сигурно, да се достигне врвот.{loadpositio…