Ное 16, 2010

Во Скопје ќе маршираат за толеранција

Целта на маршот е испраќање апел за политичка толеранција и намалување на говорот на омраза на политичката сцена. Овој марш се одржува по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 Ноември, воспоставен од ОН во 1995 година.- Апелираме за политичка толеранција и конструктивен дијалог меѓу сите креатори на јавните политики, јавното мислење и вредности! Апелираме за меѓуетничка толеранција и почитување на етничките, културните и религиозните разлики! Апелираме за толеранција и за превземање на решителни мерки за да стави крај на дискриминацијата врз основа на хендикеп, верска, социјална, пол…

Ное 15, 2010

Од денеска задолжително е носење зимска опрема во возилата

Денеска започнува примената на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во моторните возила. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека, согласно Законот за безбедност во сообраќајот, возачите мора да имаат зимска опрема во возилата се` до петнаесетти март идната година.„Согласно пропишаните норми, униформираните полициски службеници ќе наредат на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, согласно законските одредби униформираните полициски службен…

Ное 13, 2010

Граѓаните со голем интерес за кампањата на ЕВН и ЕЛЕМ

Како што информираат  од EVN Македонија, од почетокот на акцијата склучени се над 4.500 спогодби, при што 70 отсто од договорите склучени се во Скопје.Поголем интерес за расчистување со тужените долгови има кај домаќинствата, додека кај правните лица интересот е нешто помал, велат од EVN Македонија.Според компанијата, расте и бројот на склучени спогодби со оние граѓани кои на почетокот се чуделе од каде се долговите кои им се прикажани на сметките за струја.Новиот наплатен систем има можност да ги прикаже сите долгови па така и тужените долговите кои ЕВН ги наследило од старото Електростопа…

Ное 12, 2010

Нов Синдикат на новинари

Формиран првиот независен Синдикат на новинари и медиумски работници во земјава. Основачкото собрание се одржа во Скопје, а за прв претседател беше избрана Тамара Чаусидис.„Мисијата на Синдикатот е многу едноставна, таа е да ги застапува економските интереси и да ги подобрува условите за работа на своето членство, да се бори за еднакви услови за вработување и унапредување, за подобрување на стандардите во медиумската сфера“, изјави Тамара Чаусидис, новинар.За новинарите денешниот ден е историски. По 20 години делби и суети, очекуваат обединети во Синдикатот да издејствуваат доследна примена…

Ное 12, 2010

Македонија доби прв виртуелен мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор.Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на македонските граѓани.За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички.Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди меѓународни разговори. {loadposition conte…

Ное 11, 2010

Кинезите полесно ќе доаѓаат на одмор во Македонија

Македонија ќе го олесни издавањето визи за групни патувања на кинески туристи во земјава за да ги привлече да дојдат и да ја посетат. Визите ќе се издаваат во македонскиот конзулат во Пекинг, на барање на кинеските туроператори, само со список на патници. Тоа го овозможува Меморандумот за разбирање за олеснување при групни патувања на кинески туристи во Македонија што вчера го потпишаа министерот за економија Фатмир Бесими и амбасадорот на Кина Донг Чунфенг. Со тоа Македонија стана дел од земјите со кои Кина има потпишано протокол за олеснување на издавањето визи за групни патувања што дове…

Ное 10, 2010

Иницијатива за пронаоѓање на посмртните останки на Миладиновци

Друштвото на писателите на Македонија со иницијатива за пронаоѓање и враќање на коските на браќата Миладиновци во Македонија.„За оваа иницијатива македонските писатели ќе ги извести домашните фактори, а од властите во Република Турција ќе побара помош за достапност на архивите и истражување на целокупната документација за Димитрија и Константин Миладинови кои под неразјаснети околности го завршија својот живот во Цариград во 1862. година“, соопштуваат од македонската писателска асоцијација.Денеска ќе му биде оддадена почит на големиот македонски преродбеник од 19. век Димитрија Миладинов, п…

Ное 9, 2010

Министерот за здравство ја најави новата шок терапија

Без да го презентира основниот пакет здравствени услуги, министерот за здравство Бујар Османи вчера ја најави новата шок-терапија со која здравството ќе се обиде да се оттргне од колапсот – ќе плаќаме или повисока партиципација (и до 50 отсто од цената на услугата) или повисок здравствен придонес (по 8 или 9 отсто од бруто-платата) за да ги добиеме истите здравствени услуги како досега. Можно е да се воведе и партиципација од 30 денари за секој преглед кај матичниот лекар, кои сега се бесплатни, а кај стоматологот да биде бесплатна само превентивата.Граѓаните преку јавна расправа ќе треба д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top