За Нова година и Божиќ дома. Македонските граѓани не се во финансиска кондиција за празнување вон границите на државата. Ќе слават главно во домашна атмосфера, заедно со семејството или со пријателите. Дел од граѓаните сепак и ќе патуваат- но најмногу во домашните туристички центри. Само малкумина со подлабок џеб ќе си дозволат новогодишен излет на подалечните европски дестинации. Ваквата слаба заинтересираност, за туристичките работници е резултат на нискиот стандард, но и на неможноста да се прославува подолго од два-три дена. Иако помасовно зимување очекуваат по божиќните празници, сепак…
Сонцето и фиданката се симбол на македонското органско производство на храна. Наскоро преку овластените сертификациски куќи Македнија ќе почне да издава сертификати со националната ознака за органска храна – „сонце и фиданка“ со кои ќе се гарантира потполно органски производ во кој се запазени сите критериуми за производство.Презентацијата на националната ознака, која е изработена врз основа на анкетата спроведена на веб-страницата на Министерството со непосредните производители на органско производство и граѓаните, за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски п…
Трговски центри, маркети, маалски продавници, пазари и во другите продажни места ќе можат да продаваат пластични кеси до 2013 година, после тоа ќе бидат дозволени само хартиени и биоразградливи.Вака одлучи Владата на вчерашната седница, по предлог на Министерството за животна средина.Биоразградливите и хартиените кеси трговците не смеат да ги наплатуваат до 2013-та, а по 2 години Владата одново ќе размислува.Министерството пред една година забрани да се даваат бесплатно пластичните кеси и ја намали нивната дебелина. Ваквата идеја беше со цел да се заштити животната средина. Но тенките кеси …
Македонското вино во Европа може да се продава како македонско само ако доаѓа од соседна Грција.Лути на германските дистрибутери и ланците на супермаркети кои сеуште на полиците имаат од виното произведено кај нас, сопствениците на винарници од северна Грција вчера подготвија тужба.Јанис Војацис за грчкиот сајт АНА-МПА, вели дека маркетите кои ги почитуваат европските права ги отстраниле спорните за нив вина, останатите ќе се соочеле со тужба. Војацис додава дека офанзивата е зголемена. Алармирани биле сите амбасади во Европа, со цел да се спречи, како што изјавува, крадење на бренд.{loadpo…
Сите енергетски компании пријавиле поголеми трошоци, а со тоа и нагорна корекција на цената на струјата од Регулаторната комисија за енергетика.Претседателот на комисијата вели дека податоците се проверуваат, но дека е веројатно електричната енергија од Нова година да поскапи.Неофицијално зголемувањето на цената нема да надмине 10 проценти.Компаниите веќе ги доставиле своите трошоци, а тие покажуваат зголемување, но за колку проценти не се соопштува.Единствено МЕПСО официјално соопшти за колку би поскапела цената на нивната услуга доколку регулаторите им ги прифатат трошоците. Според нив то…
Во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата.Ваква одлука ноќеска донесе Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по долгата седницата, на која по темелната дискусија и анализа е донесен став да не се распишат предвремени избори.Иако највисокото партиско раководство оценило дека доколку сега бидат распишани предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ би имал двојна предност пред СДСМ, сепак било оценето дека нема причина за распишување на избори.„За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив…
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седница на Извршниот комитет, по која треба да го изнесе конечниот став во врска со барањето на опозицијата за предвремени избори.Синоќа премиерот Никола Груевски ги собра коалициските партнери заедно да ја разгледаат можноста за распишување на предвремени избори.„Вечерва се одржа состанок на претседателите и претставниците на партиите во коалицијата „За подобра Македонија“, при што беа разгледани актуелните барања на СДСМ“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Беа направени анализи од повеќе аспекти, беа разгледани позициите на сите и во текот на утрешниот ден И…
Бензините од денеска се поскапи за 1,5 до два денарa, а цената на дизел горивата се зголемува за денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 72,50 денари за литар, а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 59,5 денари. Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од комисијата ги истакнуваат повисоката просечна цена на суровата нафта во изминатите 14 дена и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.{loadposition content9}