Регулаторната комисија за енергетика денеска треба и официјално да ја соопшти новата цена на електричната енергија, како и на топлинската енергија што треба да се применуваат од стартот на Новата година.Според анализите на Регулаторна, новата цена на струјата треба да биде повисока за 6,36 отсто, додека парното ќе поскапе минимално за 0,6 отсто. Поскапување на струјата побараа осум компании од кои сите ќе добијат одреден дел од поскапување.{loadposition content9}
Министерството за труд и социјална политика, соопши дека 1 Јануари е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.{loadposition content9}
Засилени контроли низ угостителите објекти за време на празниците најавува Пазарниот инспекторат за да утврди дали и колку се почитува забраната за пушење. Една година по донесувањето на Законот граѓаните и угостителите се поделени за ефектите на веројатно најкритикуваниот правен акт досега. Според нив Законот бил целосно промашување и селективно се применувал. Но власта не попушта.- Нема олабавување. Ниту еден празник не може да биде над Законот. Тој важи и во делници и во празници. За Нова година ќе има и повеќе инспектори на терен, бидејќи кога има поголема потрошувачка има и повеќе прет…
Сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски ја помина ноќта во полициската станица во Автокоманда. Тој синоќа, некаде околу 22:30 беше уапсен во во зградата на телевизијата. А1излезе со информација дека го уасиле полицајци во цивил. Пред телевизијата се паркирале неколку возила, од кои излегле дваесетина припадници на специјалните полициски сили. Полицијата изврши и претрес во куќата на сопственикот на A1 телевизија Велија Рамковски. Полициски специјалци го обезбедуваа кругот околу куќата додека инспекторите внатре вршеа претрес. Полицијата од куќата на Рамковски го запленила компјутер…
Уапсени се двајца мажи и против нив се поднесени кривични пријави за фалсификување пари, соопшти денеска полицијата.Истиот извор наведе дека станува збор за охриѓанец и штипјанец.Охриѓанецот идентификуван со иницијали И.М. (46) во септември во една од градските банки пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 200 евра, додека штипјанецот Д.П. (37) во октомври во продавница во Штип пуштил во оптек лажна банкнота од 50 евра.{loadposition content9}
Бесплатните обуки кои се организираат за невработени лица имаат за цел да се зголеми бројот на лицата кој имаат познавање во овој сектор, бидејќи македонскиот пазар се соочува со дефицит на ИТ кадри. „Проектот е за доедуцирање на невработените кадри со цел да се запознаат со најсовремени технологии и да се вклопат во приватниот сектор за развој на информатичкото општество поради тоа што во приватниот сектор има најголем дефицитарен кадар од овој вид“, рече Иво Ивановски, министер за информатичко општество.Тој додаде дека сертификатот на запад се вреднува исто како и диплома од некој факулте…
На десетина денови сме од дочекот на Новата. Почна да тресе новогодишната еуфорија, но и најавувањата за поскапувања. Секој гледа да си се стокми за дочекот, да си се види со пријателите во некое кафеанче или ресторанче пред заминувањето на тековната година, да си резервира некаде за дочек на Новата. Трошат и оние што имаат и оние што „немаат“. „Па, нели само една вечер се чека Новата?“ Но, ништо не почнува и не завршува со новогодишната ноќ. Треба да мислиме и што потоа. И во јануари одиме на работа, полагаме испити, ни требаат пари за превоз, за оброк на работа…„Вреди ли да потрошиме ед…
Во пресрет на новогодишните празници повеќето трговци ги спуштија цените и за 50 проценти, но само за да ги расчистат резервите на старите колекции облека. Вистински попусти, какви што има по светските метрополи, каде што по половина цена може да се купи облека од познати марки произведена пред неколку месеци, за нашите продавници е непозната категорија. Многумина, пак, токму во Нова година гледаат можност нешто да заработат, така што воопшто не размислуваат да ги намалат цените пред празниците. Секој дуќан воведува различни попусти на облеката што ја продава од 10 проценти, па нагоре, но т…