„Коледе леде, паднало греде, утепало деде, деде се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, шаткини… Денес е Коледе, утре е Божик, ќе колеме теле, теле вика леле, не колете мене, ќе ви купам зелје, да месите пита, да јадете сите. Коледеее…“Утрово, веројатно, ве разбудија звуците од традиционалната коледарска песна, насмеани дечиња и ладни рачиња. Коледарчињата, предвесници на Христовото раѓање, сигурно ги почестивте со некоја паричка, јаболче, костенче, бомбонче и ги испративте со желби за добро здравје, бериќет и благосостојба во домот. Православните христијани може да ја започнат п…