Куќните совети, невладините организации, синдикалните организации и други слични здруженија на граѓани не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса. Вака официјално се изјасни собраниската Законодавно-правна комисија, која по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, го толкуваше членот од Законот за радиодифузната дејност кој пропишува дека правните лица се должни да ја плаќаат оваа јавна давачка.Барањето на Димоска следуваше откако решенија за наплата на радиодифузна такса добија и новоформираните заедници на станари, како и многу невладини организации и здруженија на граѓан…
Цената на бензините од утре се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,27, односно за 3,78 отсто.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со одлуката на РКЕ се зголемува за два денара по литар и ќе чини 67,50 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,5 ден…
Откако кексите „јафа“ на српската фабрика „Црвенка“ пред два дена биле повлечени од словенечките продавници поради „опасни состојки во амбалажата“, македонската Агенција за храна и ветеринарство вчера наложи тие да бидат повлечени и од продавниците во земјава. Причината за повлекување на овој производ лежи во неисправната амбалажа, која може да биде опасна по здравјето. Картонската амбалажа, во која производителот Црвенка го пакува овој производи, содржи бензофенон и 4-метилбензофенон, кои може да навлезат во колачињата.Според словенечкиот здравствен инспекторат, доколку овие хемиски соеди…
Единствен начин да се стабилизира Балканот е Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија да се обединат во Балканска унија, дознава „Сан“ од свои извори во меѓународната заедница.Според некои извори, идејата потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа и Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД.На прашањето од каде и зошто Балканска унија, не е тешко да се открие одговорот – поради глобалната економска криза, но и од потресите и неслогите внатре во Европската унија, јасно е дека на одредено време…
Само на Македонците и на Словенците им останувале вишок пари откако ќе ги задоволат основните месечни потреби. Дали е навистина така? Експертите и граѓаните велат не. Додека кај нас под елементарни производи за живот се вбројуваат храната и пијалоците, во Словенија и другите земји од регионот во месечната потрошувачка кошничка се вбројуваат и трошоците за хигиена, облека, домување, образование и култура. Аналитичарите велат- се додека официјалната статистика не ја воведе најавената нова методологија по европски стандарди, ќе немаме податоци за реалната куповна моќ на граѓаните.” Граѓаните т…
Македонија е на 61-то место според квалитетот на живеење на листата на магазинот Интернешнл Ливинг. Ова е подобрување за две места од лани.Највисоко Македонија котира во климата, а според магазинот добро стои и во културата и безбедноста. Најлоши оценки има во здравството и инфраструктурата.Местото го делиме со Турција, Босна, Доминиканската Република. Подобро се живее во Хрватска, Грција, Бугарија и Албанија. Од околу сто и осумдесет земји најдобро се живее во САД, а најлошо во Сомалија.{loadposition content9}
МВР побара од Facebook да се избришат групите за црквата на Кале каде се споделува агресивна содржина, се шири говор на омраза и каде се повикува етничко чистење. Групите станаа место за препопукување и верска и етничка нетрпеливост по неодамнешниот инцидент на скопското Кале каде две етнички групи се степаа меѓу себе.Единицата за борба на компјутерски криминал побара од Facebook отстранување на групите, но и IP адресите на администраторите и корисници кои постираат одвратна содржина. Знаејќи ја полисата на Facebook, се очекува страните да бидат тргнати.„Одделот за компјутерски криминал од …
Бензините од денес поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното поскапуваат за 1,5 денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 74,50, а на Еуросупер БС-98 октани 76 денари од литар.Еуродизелот (Д-Е V) ќе чини 65,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 54,50 денари за литар.За 1,462 денари поскапува мазутот М-1 и ќе се продава за 37,070 денари за килограм.{loadposition content9}