Казни од 500 до 1.000 евра ќе заработат фирмите што до 1 април годинава нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар Ова е предвидено со дополнувањата на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Во законот се предвидува и глоба во износ од 250 до 500 евра за управителите на фирмите што нема да ја исполнат оваа законска обврска.„Субјектите на упис запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица се должни најдоцна до 1.4.2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче за достава на…
Институтот за јавно здравје на Република Македонија врши редовен мониторинг на радиоактивноста во животната средина на територијата на Македонија, согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност.Мониторингот на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент (доза на јонизирачко зрачење) се врши континуирано, 24 часа на 11 мерни места (станици) рамномерно распоредени на целата територија на Македонија. Дозата се мери во интервали од пет минути кои што на Институтот му се веднаш достапни преку директни линкови.Измирените вредности на амбиенталниот дозен еквивалент од …
Вчера доцна попладне координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Тахир Хани од ДУИ до Собранието доставија Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за попис, кој ќе се носи по скратена постапка и е веќе ставен како дополнување на дневниот ред на 143. собраниската седница закажана за утре.Пописот на населението во Македонија се одлага поради се поизвесните предвремени избори. Проблем предизвикаа и поделбите во Државната пописна комисија во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници. Членовите од албанската и турска…
Граѓаните денеска и утре ќе може да ги поднесуваат даночните пријави и попладне. Управата за јавни приходи информира дека последните два дена од истекувањето на рокот на пријавување данок нивните шалтери ќе работат од 8,30 до 20 часот.Според последните податоци, до Управата за јавни приходи (УЈП) се поднесени околу 100 илјади годишни даночни пријави. До истекот на законскиот рок се очекува уште над 50 илјади граѓани да ги пријават ланските приходи.Со цел да се избегнат метежи, УЈП потсетува и на можноста граѓаните својата годишна даночна пријава да ја достават и преку пошта. {loadposition c…
Во време кога цената на нафтата секојдневно расте, сите возачи се соочуваат со ист проблем- за иста сума пари на бензинска пумпа точи се помалку гориво, а со тоа минува се помалку километри. Поради тоа неизбежна тема за која размислуваат сите возачи е како да вози најоптимално, односно, да минува што е можно повеќе километри со помалку гориво.За да ви ја олесниме маката ќе ви помогнеме со неколку совети за тоа:1. Ако сакате на заштедите гориво потрудете се да возите под ограничувањето. Наместо 120 км/ч на автопат возете 100 км/ч, наместо 80 км/ч ограничете ја брзината на 60 км/ч, таму каде …
До крајот на неделава во Македонија температурата ќе се движи од 10 до 16 степени, а в недела ќе порасне до 19 степени Целзиусови. Ниските температури повеќе нема да се вратат – велат од УХМР.Затоплувањето се должи на струењето на потоплите воздушни маси кои доаѓаат од југ. Ќе имаме викенд со пролетни температури – во целата држава во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови. Од УХМР не ја исклучуваат можноста кон крајот на следната недела да падне дожд,но тоа не значи дека температурите ќе паднат драстично – ќе се движат околу 15 степени.Студеното време повеќе нема да се враќа.Тешките капут…
Драган Матески кој има само 21 година од пред извесно време со комбинација на повеќе социјални мрежи ја создаде македонската верзија на „Фејсбук“, „HalloHi„ (www.hallohi.net). Идејата ми дојде уште со појавувањето на “My space”, но ми требаше време за да ја разработам. Почетокот на оваа социјална мрежа датира од ноември 2009 година, а денес веќе има околу 6.000 членови, со дневен пораст на членовите од 5 отсто. Има подобар „chat” од „Фејсбук„, а и квалитетот на музиката која може да се постави е подобар, вели за Макфакс, Матески.Реализацијата на идејата ја стартувал со капитал од само 100 е…
Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите. Ова е ставот на претседателот на групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Благој Стојчев, во однос на поскапувањето на цената на лебот и интервенирањето на Владата во стоковните резерви.„Мислам дека цената на лебот нема да оди нагоре, но доколку другите инпути за производство на леб не се зголемат. Aко се одржи на оваа цена треба да бидеме задоволни со 25 денари, таа е цената која треба да одгов…