Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготвува правилник со кој ќе се предвидува на пазарот да се продаваат само здрави, унифицирани, соодветно класифицирани, спакувани и складирани плодови.Целта е дефинирање на минималните стандарди за преработка и тргување со овошјето и зеленчукот.Со дел од правилниците ќе се прецизираат и надлежностите на Државниот инспекторат за земјоделство кој треба да ја спроведе контролата на квалитетот на овошјето и зеленчукот на домашниот пазар, како и на увезените и извезените количества.- Новите подзаконски акти, освен минималните с…
Започна монтажата на споменикот „Воин на коњ“ (кој го претставува Александар Македонски на Букефал) на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Ова е најголемиот споменик на Александар Македонски во светот.Споменикот е висок 12 метри, по идејно решение на Валентина Стевановска а ќе биде поставен на постамент висок 10 метри. Во моментов работници монтираат скелиња околу фонтаната, која ќе послужи како постамент за споменикот. На плоштадот се поставени и делови од споменикот чие монтирање ќе започне во текот на денот.Споменикот е изработен во италијанската леарница „Фернандо Маринели“.Цел…
Запленети се 105 килограми марихуана, уапсени се двајца жители на тетовските села Селце и Стримница кои ја пренесувале дрогата од Албанија преку Македонија кон западна Европа.Според МВР марихуаната била спакувана во 99 пакети облепени со трака и на западноевропскиот пазар вредела околу 400-тини илјади евра.Полицијата ги уапсила двајцата шверцери во близина на прилепското село ропотово половина час по полноќ. Во нивното возило марка Волво пронајдена е спакуваната дрога, одгледана најверојатно во Албанија.- Во извршените разговори осомничените посочуваат дека марихуаната ја подигнале во близи…
Министерскиот Совет на Европската Унија за внатрешни работи и правда во Луксембург не донесе одлука за суспензија на безвизниот режим за Македонија и Србија. „Ние не предвидовме суспензија на (безвизниот режим). Механизмот за суспензија беше разгледуван денеска, но не во овој контекст. Суспензијата ќе се прави во специфични услови, утврдени од Комисијата, што ќе се најде во законодавството за визите, како заштитна клаузула“, нагласи европската комесарка за внатрешни работи Сесилиа Малмстром, пренесува Дојче веле. Според документот на Европската комисија, разгледуван во Луксембург, за враќањ…
19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности. УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, заедно со ЈКП и Пакомак (првата овластена компанија за упрaвување со отпад) одржаа церемонија на потпишување за да го означат овој нов развој во македонската индустрија за рециклирање.Илјадници луѓе во Македонија зависат од неформалното собирање на материјали за рециклирање. При усвојувањето на Законот за пакување и отпад од пакување голем предизвик беше како да се вклу…
Безвизниот режим за Србите и Македонците за шенген зоната на ЕУ беше доведен во прашање откако Белгија и Шведска изразија нова загриженост околу можно негово злоупотребување. Предлогот на Европската комисија за привремено воведување визен режим кон државите чии што граѓани го злоупотребиле безвизниот режим во понеделник треба да се најде пред Советот на министри на Унијата, а денеска е пред министрите за внатрешни работи и за правда. На прашањето дали Македонија ќе успее да ја спречи привремената суспензија на безвизниот режим, од надлежните институции досега кажуваа дека визите нема да се …
Смртта на 22-годишниот Мартин Нешковски кој во неделата вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ беше брутално претепан од припадникот на полициската специјална единица “Тигар“, Игор Спасов, ги крена младите на нозе. Протести се планираат секој ден, а денешниот протест ќе се одржи во 18.00 часот пред споменикот на Мајка Тереза, каде што повторно ќе се соберат млади луѓе кои ќе го искажат својот револт против бруталното убиство на млад човечки живот. Ваквите вести редовно се пренесуваат преку Фејсбук и Твитер, од профил до профил или преку групите кои се појавуваат и исчезнуваат, па пак се појаву…
Неколку стотини млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи синоќа во Скопје во 23 часот ја блокираа улицата на автобуската позната како Рекорд во знак на протест за смртта на 22 годишното момче за кое очевидци тврдат дека бил претепан од припадник на специјалната единица за брза интервенција Алфи.По собирот во Градскиот парк, насобраните седнаа на асфалтот и испратија порака до надлежните да се открие вистината за смртта на момчето, кое настрада пред два дена на скопскиот плоштад. Групата ги повика надлежните во министерството за внатрешни, да го откријат и санкционираат вработ…