Јул 1, 2011

Рибни конзерви од „Подравка“ опасни по здравјето

Фирмата од Копривница, „Подравка“ го повлекува од продажба производот „Ева скуша“, филети во билно масло од 115 грама, бидејќи лабараториските испитувања покажале дека содржи поголемо количество хистамин, кој може да биде опасен по човековото здравје и да предизвика алергиска реакција. Проблематична е серијата со број 31012011, со рок на употреба до 31.01.2015 година. Лабораториските анализи покажале дека една од деветте анализирани состојки во конзервата ја има во поголемо количество отколку што е предвидено со правилник. Човечкото тело не може да го разгради хистаминот, па тој му предизви…

Јул 1, 2011

Невработените ќе плаќаат за сини картони

Околу 240.000 невработени лица од денеска ќе мора да извршат пререгистрација за да добиваат бесплатни сини картони. Сите невработени ќе треба да пополнат Изјава за приходите кои ги оствариле минатата година, врз основа на што ќе се утврди дали ќе имаат право од 1 септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе плаќаат за нив.Овој процес ќе се врши на шалтерите на подрачните единици на Агенцијата за вработување и на шалтерите на подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување. Изјавите ќе се пополнуваат во наредните два месеци.Социјална помош, надоместок за телесн…

Јун 28, 2011

На скала од 1 до 7 од „Фридом хаус“ добивме 3-ка

Невладината организација „Фридом хаус“, во најновиот извештај „Нации во транзиција 2011“ го оцени демократскиот развој во Македонија во со средна оценка 3,82, на скалата од 1 до 7.Додека Хрватска и Србија во минатата година продолжија да постигнуваат напредок во реформите поврзани со кандидатурата во Европската унија, пет други земји во регионот; Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора забележаа опаѓање на нивните севкупни демократски резултати. Ова се наведува во најновиот извештај на Фридом Хаус во кој се додава дека ваквото назадување потекнува од различни тврдоглав…

Јун 28, 2011

Иванов денеска му го додели мандатот за нова Влада на Груевски

Претседателот Ѓорге Иванов  денеска му го врачи мандатот за состав на Владата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ,  партија која на предвремените парламентарни избори освои најмногу пратенички места. По добивањето на мандатот Груевски има 20 дена  рок до Собранието да достави состав и програма на новата влада. Собранието ја избира владата со мнозинство гласови. Вицепремиерот за Рамковен договор, Абдулаќим Адеми вчера изјави дека е договорена заедничка владина платформа меѓу ДУИ и ВМРО–ДПМНЕ.{loadposition content9}

Јун 25, 2011

Денеска конститутивна седница на Собранието на Македонија

Конститутивната седница на седмиот собраниски состав започна денес на пладне, на истекот на законски предвидениот рок. Ова е договорот од координативна средба на спикерот Трајко Вељаноски со претставници на политичките партии што влегоа во Парламентот и со најстариот пратеник Љубисав Иванов-Ѕинго, кој ќе ја води првата седница.На конститутивната седница треба да се верификуваат мандатите на новоизбраните 123 пратеници и да биде избран новиот претседател на Собранието.По верификувањето на мандатите, претседателот Иванов има рок од 10 дена да му го даде мандатот за составување на нова влада н…

Јун 23, 2011

Во Македонија пристигнуваат полски туроператори и новинари

На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со економскиот промотор на Македонија во Полска од денеска до 26 јуни во Македонија ќе престојуваат група влијателни туроператори и новинари.Меѓу гостите кои доаѓаат се наоѓа и претседателот на Полската туристичка комора Јан Корзак, претставници на влијателни туроператори, како и новинари од полски телевизии и пишани медиуми.Целта на посетата е да се запознаат со туристичките потенцијали на Република Македонија со цел наредната година земјата да се најде во нивните туристички аранжмани.{loadposition content9}

Јун 22, 2011

Граѓаните го чекаат ветеното субвенционирање за стан

Економистите сметаат дека владината иницијатива за субвенционирање на станбени кредити е непродуктивен трошок.Општите услови за владина помош, според медиумските извештаи, се нерешено станбено прашање и приходи до 900 евра.Се поставува и прашање за тоа колку ваквата мерка  е фер? Субвенциите ќе се покриваат со народни пари од Буџетот и останува да се види како ќе реагира онаа категорија граѓани кои без државна помош отплаќаат стан и плаќаат данок, ако знаат дека со нивни пари се плаќа туѓ стан. Мерката беше промовирана пред избори од ВМРО ДПМНЕ, што создава сомнение дека станува збор само з…

Јун 21, 2011

Закажување термин за биометриски лични документи преку интернет

Министерството за внатрешни работи ја пушта во употреба новата интернет страница која е попрегледна и нуди повеќе информации и услуги за корисниците.Најголемата новина е можноста граѓаните преку интернет страницата да стапат во контакт со повикувачкиот центар каде досега закажуваа термини за аплицирање за биометриски лични документи.Преку притискање на полето означено како „Контакт-центар“, заинтересираните граѓаните имаат три опции и тоа: да закажат термин за аплицирање за вадење на личен документ, да побараат проверка на веќе закажаниот термин доколку го смениле телефонскиот број, не доби…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top