Јул 18, 2011

Собранието ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија

Собранието денеска  по скратена постапка ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во  Македонија. Иницијативата за измените на Законот  ja поднесоа  пратеници на ДУИ.  За измените гласаа 63 пратеници, 40 беа против, а воздржани немаше. Од присутните 22 припадници на помалите етнички заедници согласно бадентеровиот принцип на гласање, за гласаа 17, а 5 беа против.  Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи, во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат нивното знаме заедно …

Јул 16, 2011

Составот на новата влада

Мандатарот Никола Груевски синоќа до Собранието на Република Македонија ја достави владината програма и имињата на новите министри во новиот владин кабинет.Вицепремиерските места од ВМРО-ДПМНЕ ги задржуваат Зоран Ставрески и Владимир Пешевски. Гордана Јанкулоска останува на чело на МВР, додека Министерството за култура и натаму ќе го води Елизабета Канческа-Милевска.Никола Попоски, досегашниот амбасадор во ЕУ, ќе ја раководи македонската дипломатија, Никола Тодоров ќе биде прв човек на Министерството за здравство, а нов министер за образование и наука од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е Панче Крале…

Јул 15, 2011

Прилепската златна кокошка

На деветтиот по ред “Пивофест” се очекува во наредните четири дена посетеност од повеќе од 300 илјади луѓе .Доколку се направи груба проценка и секој посетител потроши по минимум 100 денари, фестивалот на градот ќе му донесе заработка од најмалку 30 милиони денари.Посетителите ќе имаат можност да вкусат 20 различни врсти на домашно и странско пиво, по цена од 30 денари за чаша точено пиво, додека најскапото е околу 100 денари.„Оваа година очекуваме повеќе од 300 илјади посетители и да се надмине рекордот во пиење пиво од 320 тони, кои беа испиени минатата година“, рече Кате Китанов од однос…

Јул 14, 2011

Влада на РМ: Трудниците дома, градежниците под сенка од 11 до 16 часот

Поради исклучително високите температури што се очекуваат во државава, Владата на Република Македонија им препорача на работодавците во следните три дена да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.Исто така на работодавците им се препорачува во истиот период да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено со тоа што ќе се одбегнуваат работни активностите во периодот од 11 до 16 часот.{loadposition content9}

Јул 13, 2011

Забрана за скутери на македонските езера

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август.Одлуката е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и …

Јул 12, 2011

УЈП се заканува со присилна наплата на радиодифузната такса

Управата за јавни приходи  преку јавно соопштение побара обврзниците за радиодифузна такса кои не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок да го сторат во најкусо време, бидејќи даночната администрација ќе отпочне со присилна наплата на нивните долгови.Плаќањето на радиодифузната такса за претходниот месец треба да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот, а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок се пресметува камата од 0,03% за секој ден задоцнување.Граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, од…

Јул 12, 2011

Скоро 31 отсто од Македонците живеат во сиромаштија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30,9 отсто. Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 47,3 отсто од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените е 41,8 отсто, односно 44,8 отсто од сите сиромашни се невработени лица. Образованието на главата на домаќинството, исто така, влијае на бројот на сиромашни лица. Имено, 54,7 отсто од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на …

Јул 11, 2011

САД го отвори небото за Македонија

Америка го отвори небото за летови од Македонија. Прва од Западен Балкан, земјава потпиша договор со САД и го регулира воздушниот сообраќај. Сега единствено се чека авиокомпанија која ќе понуди директна линија до еден од американските аеродроми.Во меѓувреме листата на авиокомпании се зголемува. Покрај веќе познатите Пегасус, Бел ер, Eр Берлин и Визер, уште една германска компанија најави влез во зеемјата. Герман скај ќе оперира  за Скопје Цирих. Таа е 4-та компанија која ќе врши прелети кон оваа дестинација.Со ова нема веќе монополи, дуополи. Пад на цените се очекува и за 50% вели Дејан Мој…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top