Намалувањето на тежината на производите, наместо зголемување на цените, стана практика на производителите чии производи ги преплавуваат продажните рафтови во супермаркетите. Чоколади, шеќер, сол, шпагети, макарони, кафе… се само дел од производите каде што скриената инфлација го зема својот замав. Ако минатата година за една цена можевме да купиме чоколадо од 100 грама, денес за истата цена добиваме чоколадо од само 75 грама. И малите чоколади од популарните светски брендови не останаа поштедени од скриената инфлација, па за иста цена од 25 денари, наместо 55-60 грама, денес добиваме само…
Ограничувањето на пловидбата на скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, заврши во саботата.Таа се однесуваше само на скутери со моќност поголема од 45 киловати, во периодот од 20 јули до 20 август, во временскиот период од 11 до 18 часот.{loadposition content9}
Унифицираните монтажни објекти наменети за продажба на сувенири и друг вид културно – туристички промотивен материјал наскоро ќе бидат поставени на фреквентни и атрактивни локации во повеќе градови во државава, во туристичките центри, како и на граничните премини и во националните паркови.Според Министерството за култура, во овие објекти ќе се продаваат автентични и препознатливи сувенири – копии на археолошки наоди од Република Македонија, кои ќе претставуваат сублимирани материјални симболи на Македонија, на македонската традиција, култура, уметност, наследство, природа.Предметите што ќе…
Вечерва во 21:17 часот е регистриран земјотрес од 2,7 степени според Рихтер во Македонија.
Земјотресот кој е регистриран во 21 часот и 17 минути бил со епицентар на 17 км југоисточно од Кичево, на длабочина од 2 километри.
Тоа е композиција на музика и аранжман на Кире Костов и текст на Миодраг Врчаковски. Свечената песка е избрана од комисијата едногласно, а ќе ја пее Каролина Гочева на спектаклот за прославата на Денот на независноста на плоштадот Македонија.Министерството за култура соопшти дека оваа песна е изборот на комисијата од 13 песни кои пристигнаа на конкурсот за изработка на композиција која ќе биде изведена на генералната прослава на 8 Септември што ја организира Владата на Република Македонија, објавен на 27 јули.Изборот оваа песна да ја одбележи 20 годишнината на РМ го направи комисијата во со…
Македонија, која можеби досега е најдобро позната околу своите врски со Александар Велики, по Мајка Тереза и околу спорот за името што државата го има со соседна Грција, ретко е присутна на главната туристичка карта како интересна и посакувана туристичка дестинација, пишува лондонски „Дејли Телеграф“.Според весникот, можноста за откривање на досега непознатата Македонија се отвора со првата директна авионска линија меѓу Лондон и Скопје, главниот град на државата што ја одржува компанијата за ниско буџетски летови „Виз Ер“. Немањето директна авионска врска меѓу двете држави досега беше посоч…
Откако минатата недела цената на нафтените деривати достигна рекордно високо ниво, Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ги намали цените. Малопродажната цена на горивата ќе се намали од ноќеска на полноќ – бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот 4 денари. Литар Евросупер БС-95 ќе чини 77 денари, а Евросупер БС-98 ќе се продава за 78,50 денари. Евродизелот, откако поевтини четири денари, сега ќе се продава за 65,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство доби нова цена од 54 денари за литар. Мазутот стана поевтин за 3,179 денари за килограм, с…
Студентите утре почнуваат да се борат за запишување на едно од вкупно 30.011 слободни места на државните универзитети во Македонија.Првиот уписен рок на сите јавни високообразовни установи ќе се одржува утре и задутре, освен на Државниот универзитет во Тетово, каде првиот уписен рок почнува утре и ќе трае три дена.Од вкупната бројка на слободни места, 17.447 студенти ќе се запишат како редовни студенти во државна квота, 8.453 обезбедени места за студенти кои ќе се запишат на редовни студии со кофинансирање и вкупно 4.111 слободни места за вонредни студенти.На скопскиот Универзитет „Св. Кири…