Ное 28, 2011

Денес започнува Божиќниот пост

За православните христијански верници кои се водат според стариот Јулијански календар денеска почнува шестнеделниот Божикен пост.Постот ќе трае 40 дена, односно до  Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.Божикниот пост е втор по должината на траењето, ведна…

Ное 24, 2011

Државата ќе им плаќа дадилки на идните бизнисменки

На жените што сакаат да почнат бизнис, од следната година државата ќе им субвенционира 75 отсто од трошоците за дадилките. Проектот за поддршка на жените претприемачи, кој го подготвува Министерството за економија, ќе се реализира од 2012 година, а во следниов период треба да се дефинираат конкретните услови и критериуми според кои ќе се делат субвенциите.Кон крајот на годинава Министерството ќе дефинира и колку пари ќе чини проектот.Проектот предвидува два типа мерки кои ќе се спроведат преку Министерството и преку Агенцијата за поддршка на претпријатијата.{loadposition content9}

Ное 22, 2011

Законот ви дозволува: Не плаќајте ако не ви дадат фискална сметка!

Купувачите нема да имаат обврска да платат за купена роба или добиена услуга доколку не добијат фискална сметкаОва е предвидено со предлог-измените на Законот за готовински плаќања, усвоени на вчерашната владина седница.Со усвоениот текст, како што информираат од владата, се предлага доколку даночниот обврзник кој вовел и користи одобрен систем на фискална опрема на купувачот на доброто, односно корисникот на услугата, во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата, не му издаде фискална сметка, купувачот на доброто, односно корисникот на …

Ное 18, 2011

Кралев: Матурантите од 2013 ќе полагаат 4 екстерни предмети

Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука.“Од учебната 2013-2014 година ќе се полагаат само четири екстерни предмети од државната матура. На овој чекор се одлучивме целиот систем да има доволно време за неопходни подготовки“, рече Кралев. Според министерот, идејата за ова е услогласување на заложбите од аспект на стекнување на знаења од одреден број предмети како и на…

Ное 16, 2011

Србија и’ украде туристички спот на Македонија

Спотот “Храна за душа“, вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот снимен минатата година, објави српскиот весник “Курир“.Се’ попопуларниот спот “Храна за душа“, што ја промовира Србија и кој за три дена на “Јутјуб“ го видоа повеќе од 30.000 луѓе, личи на рекламата за промоција на храната на Македонија. На основа на неколку речиси идентични сцени може да се заклучи дека српскиот спот, всушност е копија на македонскиот спот од септември минатата година.Нашите јужни соседи тогаш покренаа маркетиншка кампања под насловот “Македонија вечна“, со која ги претставија убавините на др…

Ное 15, 2011

Задолжително поседување зимска опрема

Од 15 ноември задолжително е поседување зимска опрема во автомобилите, правило што ќе мора да се применува до 15 март, без разлика дали надворешната температура е под или над нулата, дали има снег или не.Првиот снег секогаш изненадува некои од возачите, а на планинските предели тешко се излегува ако немате зимски гуми или синџири за снег. Полицијата може да ви побара зимска опрема, па немојте да се чудите, особено ако се движите во такви предели.Во овој дел од годината “стандардна опрема” во автомобилите треба да ви биде гребалка за мраз, зимски гуми или синџири, мала метличка. Но, не забор…

Ное 10, 2011

Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да возат до 20 часот

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги презентираше најновите измени  од законот за безбедност во патниот сообраќај кои беа усвоени  на последната седница на Владата.“Стекнување на возачка дозвола на 16 години, регулирање на сообраќајот на кружните текови и заострување на казнената политика за паркирање на места предвидени за лицата со посебни потреби  се најновите измени во законот за безбедноста во сообрајот“, изјави Јанкуловска.Според Јанкулоска, овие измени се донесени се со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни несреќи…

Ное 8, 2011

Приватните здравствени установи се обединија и формираа своја асоцијацијa

Тие побараа од министерството за здравство, рецептите што ги издаваат да важат со сини картони исто како и во државните болници.Според нив Уставот и законите не познаваат јавно и приватно здравство и затоа пациентите треба сами да изберат каде ќе се лекуваат.Исто така менаџерите на приватните болници реагираат дека Владата без да ги консултира постојано носи закони кои треба да ги спроведуваат исто како и државните болници.Иницијатори за формирање на групацијата се приватната општа болница Ремедика, специјалната болница за хируршки болести Филип Втори, болниците Систина и Неуромедика, како …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top