Дек 15, 2011

Притвор за 33 лица уапсени во „Бришач“

За 33 лица фатени во акцијата „Бришач“ истражниот судија донесе мерка притвор во траење од 30 дена.Меѓу нив се 17 -те полицајци, раководители на увидна екипа и крим техничари кои, според МВР, правеле лажни извештаи за наводни сообраќајки за исплата на оштета од осигурителни компании. На останатите во акцијата„Бришач“ им е одреден домашен притвор. Испрашувањата, пред истражните судии траеше до 4 часот утрината.Во акцијата „Бришач“, полицијата соопшти дека има докази за 13 лажни сообраќајки за кои од осигурителните компании биле исплатени 2 милиони денари. Токму осигурителните компании и се о…

Дек 14, 2011

Уапсени над 50 лица за местење на сообраќајки

Повеќе од 50 лица, меѓу кои и неофицијално 15 полициски службеници, утринава се уапсени од страна на МВР на неколку локации низ земјава.Сите уапсени одреден период организирале лажни сообраќајни несреќи за подоцна да можат да наплатат штета од осигурителните компании. Во текот на денот се очекува истите да бидат изведени пред истражен судија, а од МВР најавуваат повеќе детали за текот на денот.{loadposition content9}

Дек 13, 2011

Македонците работат два часа дневно, исто толку време трошат и на јадење

Еден Македонец, на возраст од 20 до 74 години, во просек поминува два часа и 18 минути работејки, а скоро толку време троши и на конзумирање на храна и пијалоци, стои во податоците на државната статистика. Скоро 35 отсто од деноноќието, во просек еден Македонец, го поминува спиејќи, додека за слободни активности, кои се надвор од работните обврски, троши над два часа. Македонците може да бидат рамо до рамо со голем дел од развиените земји, бидејќи статистиката вели дека 81,9 отсто од семејствата имаат најмалку еден мобилен телефон, што е близу до светските стандарди.Не само помладите туку и…

Дек 9, 2011

Норвежаните се најсреќни, Македонците на 76-то место од 110 земји

Според истражувањето на британскиот институт „Legatum“ за просперитетот и квалитетот на живот во 110 земји во светот, граѓаните се најсреќни во Норвешка, а животот е најлош во Централно Африканската Република. Македонија според квалитетот на живот се наоѓа на 76. место во групата.Според „Legatum“, во Македонија 62 отсто од граѓаните чувствуваат лична сигурност, а само 9 отсто од луѓето имаат доверба во другите луѓе. Тројца од четворица Македонци изјавиле дека се задоволни од природните убавини на својата земја.Спред здравствената состојба на нацијата рангирани сме на 44-то место. Просечната…

Дек 9, 2011

Укината забраната за товарни возила

Забраната за товарни возила на планинските превои Стража и Маврово е укината и сега овие два превои се отворени за сообраќај за сите видови на моторни возила, информираат од Авто мото сојузот.Сепак сеуште има остатоци од снег на коловозот и движењето е отежнато, па затоа се препорачува прилагодена брзина на движење на ваквите услови.{loadposition content9}

Дек 8, 2011

Првиот снег веднаш донесе проблеми, забрана за камиони кон Стража

Поради обилните врнежи од снег што денеска почнаа низ делови од Македонија, воведена е забрана за тешки моторни возила на магистралните патишта Гостивар-Стража-Кичево и Гостивар-Маврово-Дебар. Забраната за камионите е воведена денеска околу 13 часот. Причината за ова, како што информираат од МВР се обилните врнежи од снег кои го зафатија овој дел од државата.{loadposition content9}

Дек 7, 2011

Македонија се збогува од Гоце Арнаудов

Македонија се збогува од фолк пејачот Гоце Арнаудов. Неговите колеги и обожаватели на социјалните мрежи ја споделуваат тагата, пишуваат пораки, објавуваат негови песни. „Загубивме голем човек, прекрасен колега. Нема никогаш да го заборавиме“. „Арнаудов, пријателе, вечна ти слава“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.Во Домот на културата во Струмица, денеска во 10 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на легендата на македонската народна музика Гоце Арнаудов, а посмртните останки ќе бидат изложени утре во 11 часот во капелата на градските гробишта во Струмица.Арнаудов почина…

Дек 5, 2011

Како грчките медиуми ја доживеаја пресудата во Хаг?

Грчките медиуми со неверување и со лоша реакција ја прифатија пресудата од Хаг.Грчкиот „Етнос“ денес напиша дека Грција е осудена за ветото.„Хаг: Грција ја прекрши времената спогодба со БЈРМ, одлуката е конечна, без право на жалба“. Вака извести Елефтеротипија.Та Неа посочи дека одлуката е донесена со 15 гласа за и еден против. „Судот на страната на Скопје- прифатена тужбата на БЈРМ против Грција“, известува Та Неа.Грчкиот правен тим во Хаг денес не пристигна во полн состав, а Атина најави дека ќе ја проучува одлуката на судот.- Со целосна почит кон Меѓународниот суд како основен судски орг…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top