Бугарската телевизија “bTV” направи 20-минутен документарец за Скопје 2014. Главна тема им е антиквизацијата што во последниве години се прави кај нас, а го обработуваат, според нив, и јакњенето на антибугарското расположение.Меѓу изјавите во прилогот се и оние на Љубчо Георгиевски, Мирослав Грчев, кои се спротиставуваат на овој проект, и кои досега многу пати беа јавно жигосувани од власта и нејзините мегафони.Тука е и изјавата на архитектот Вангел Божиновски кој тврди дека римјаните со катедралата и плоштадот Св. Петар ја копирале древната македонска архитектура и дека во Македонија бил и…
Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознава Миа од извори на истрагата.
Според нив, фалсификаторите во Скопје допатувале од Милано.
Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.
Извор/MИА
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно и без забрани, по наместа влажни коловози.Поради ниските температури се забележува појава на голомразица на повеќе патни правци во земјава, особено на мостовите, планинските превои и осојничавите места.На патниот правец Дебар – Струга се препорачува исклучителна внимателност поради честата појава на одрони.АМСМ на сите возачи им препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските ср…
Центарот за социјална работа во Скопје го одбил барањето за социјална помош на скопјанката Д. Петковска поради рецепт за емисијата за кулинарство “Храна и вино“.Освен тоа, семејството на Петковска ќе треба да ја врати и помошта што ја земало во 2010 година.Семејството добило средства од емисијата Храна и Вино заради испратен рецепт.{loadposition content9}
Принцот Мајкл од Кент заедно со висока бизнис делегација од денеска престојува во петдневна посета на Македонија.Британската бизнис делегација во текот на работната посета на земјава ќе оствари повеќе средби со стопанственици околу можностите за воспоставување деловна соработка и нови британски инвестиции во Македонија.Попладнево во зградата на владата принцот Мајкл ќе оствари средба со премиерот Груевски, по што британската деловна делегација предводена од принцот Мајкл ќе учествува на бизнис форумот во владата на кој ќе присуствуваат премиерот како и членови на економскиот тим на владата….
Барокното идејно решение за реконструкција на фасадата на Владата однесе најмногу гласови, покажа владината анкета.Во конкуренција на вкупно пет идејни решенија, на граѓаните најмногу им се допаднало првото (барокно) издание што однело вкупно 9.122 гласови. Од Владата велат дека мислењата и перцепциите на граѓаните искажани преку гласот за некое од понудените решенија ќе бидат земени предвид при определувањето на следните постапки во врска со овој проект.{loadposition content9}
Грција упати протестна нота до македонското Министерство за внатрешни работи заради симболите на “Порта Македонија“, за кои, како што наведува, биле со иредентистичка содржина.Шефицата на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, Александра Пападополу, во нотата која ја упатила до македонското МНР протестирала “поради фактот дека со различни постапки констатно се допринесува за политичко искривување на историската реалност, која се свртува против Грција и останатите соседни земји“.Официјална Атина предупредува дека ваквите постапки се опасни и претставуваат закана за стабилноста на Балкан…
За еден месец почнува скринингот за рано откривање на рак на грлото на матката. Околу 100.000 припаднички на понежниот пол на возраст од 24 до 35 години ќе добијат покана од матичните гинеколози да отидат на бесплатен преглед.„Ова е најкритичната возраст и затоа почнуваме со нив. Понатаму ќе бидат опфатени и другите возрасти“, рече заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.Од минатата година со пилот проектот во четири градови се утврдило дека од околу 20.000 поканети жени,а на преглед се јавиле околу 6.000 жени. „Доволно е кај 5-6 да е пронајден карцином во почетна фаза, тоа е спас…