Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест. Според плановите на Министерството за здравство, најнапред ќе бидат повикувани жените на возраст од 24 до 35 години кои до сега воопшто не направиле вакво тестирање, а во следните две години ќе бидат опфатени и жените од 36 до 60 години.- Преку Програмата за рано откривање на малигни заболувања, со активности за организиран скрининг, секоја жена од оваа целна група има право на еден бесплатен ПАП-тест на секои три години, што впрочем е препорака и практика во европските земји, изјави министерот…
Полициски службеници вчера на влезот во Гевгелија, на граничниот премин „Богородица” го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија, поради превезување на мигранти.
Како што информираат од МВР, во патничкото моторно возило „шкода суперб” со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан.
За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ. Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија за понатамошна постапка.
…
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, најостро го осудува синоќешниот напад врз Амбасадата на Република Македонија во Приштина, кога непознати лица од возило во движење фрлиле молотов коктел врз објектот на Амбасадата.Имајќи предвид дека ова претставува уште еден посериозен инцидент, МНР очекува јасно и недвосмислено да се осуди и од косовските власти, како и да се пронајдат и соодветно да се санкционираат сторителите.Истовремено, Република Македонија очекува косовските власти да работат на превенирање на инциденти од ваков вид, со што на најдобар начин би се манифест…
Министерството за економија подготвува нов построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Следнава недела траба да се одржи јавна расправа со туристичките работници за новиот Правилник по што официјално ќе биде усвоен.Со измените на Правилникот, хотелите со една и две ѕвездички треба да имаат најмалку 10 соби, оние со три ѕвездички 15, а хотелите со четири или пет ѕвездички најмалку 20 соби. Во сите хотели треба да има можност да се плаќа со кредитни картички.
Хотелите со четири ѕвездички како дополнителна содржина треба да имаат базен, а со пет ѕвездички задолжит…
Владата на седница ќе разговара за можноста за намалување на цената на нафтените деривати. По вчерашното поскапување на бензинот за два и дизелот за половина денар од литар. Владата размислува за намалување на ДДВ-то за транспортерите и намалување на акцизите. Ова го најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Според него ќе се разговара и со ОКТА за промена на методологијата за утврдување на цената. Средбата е закажана за во петок.{loadposition content9}
Полицијата работи на расчистување на инцидентите, неколку лица се приведени, а против некои се поднесени кривични пријави за „насилство“. Повеќето од учесниците во тепачките се млади луѓе, а меѓу нив има и малолетници.
Продолжува и засиленото присуство на полицијата на терен со цел да се превенираат евентуални нови инциденти.МВР, како што најави премиерот Никола Груевски и ресорната министерка Гордана Јанкулоска, ќе оди докрај со расчистување на инцидентите, пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.
{loadposition content9}
Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска го промовираше софтверот за откривање на плагијати.
-Системот за анализа и пронаоѓање на плагијати во трудови овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови, кои во целост или во свој интегрален дел можат да претставуваат плагијати на некои веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Во системот ќе се внесуваат сите видови на трудови, од семинарски работи на студенти преку дипломски, магистерски, докторски дисертации, научни и стручни трудови, па се до универзитетски скрипти и учебници. Корисници во улога на оценувачи можат да …
Имено целта на поставувањето на овие пристаништа, популарно наречени „понтони“, е дополнителна промоција на туристичките атрактивни места во земјава и подобрување на условите во внатрешната пловидба.
Врз основа на анализа што ја направи Министерството за транспорт и врски Владата усвои акционен план со кој е предвидена можноста за поставување на пристаништата.Предвидено е да се постават вкупно 10 мали пристаништа на локации во Охридското, Преспанското, Дојранското и Мавровското Езеро. На Охридското Езеро треба да се монтираат мали пристаништа на пет локации, од кои четири во општина Охрид, …