Наградатa GRAMMY 2012, за најдобар поп инструментален албум ја освои познатиот Американец, музичарот Крис Боти, за својот албум “Impressions” во кој има и една заедничка изведба со ресенчанката Тања Царовска.Музиката е напишана од оскаровецот Габриел Јарет, текстот за хорот е на Тања Царовска, која со нејзиниот прекрасен глас во нејзин препознатлив стил го надополнува свирењето на Боти.Минатата година Боти, специјално од Лос Анѓелес допатува во Лондон, за да ја сними песната заедно со Тања Царовска во познатото лондонско студио AIR, сопственост на Џорџ Мартин, менаџерот на легендарни Битлси…
Дали се нарекува свети Трифун, Трипун, а некаде е познат и како Тривун, заштитникот од град и поплава, чуварот на лозјата од штетници, заштитникот на лозарите и кафеанџиите, едно е сигурно, станува збор за исклучителен настан поврзан со празнувањата и колективната меморија. Делумно и пагански празник овој ден, 14 февруари, неофицијално се смета и за ден на пролетта, бидејќи од денеска почнува будењето на природата. И повторно, не случајно, тоа е и Денот на вљубените, Свети Валентин, односно денот на оние што чувствуваат потреба повторно да дадат завет за вечна љубов, да ја обноват досегашна…
Британскиот европратеник и известувач за Македонија, Ричард Ховит, од среда до петок ќе престојува во посета на земјата.Се очекува Ховит да има средби со лидерите на поголемите политички партии.Пред своето доаѓање, Ховит повика Македонија да ја искористи можноста што ја доби со одлуката на Европскиот совет во декември, по четвртата препорака од Европската комисија за почеток на преговори.{loadposition content9}
Здравствените работници од Македонија ќе имаат можност своето знаење да го усовршуваат на реномираниот Универзитет на Калифонија и Лос Анџелес (УКЛА).Министерот за здравство Никола Тодоров, кој престојува во посетан а САД, го потпиша Меморандумот за соработка со УКЛА со генералниот управител на Центарот за меѓународна соработка Томас Розентал.Меморандумот ја дефинира соработката со Медицинскиот центар Роналд Реган, кој е во рамки на УКЛА, што претставува токму рамка на меморандумот, со цел македонските лекари и останатиот медицински кадар да имаат пристап до врвна обука, но и доктори од СА…
Хормонскиот лек против акни, ДИАНЕ 35 кој сее страв во Европа, во Македонија е немоќен. Овој препарат кој во некои држави се препишувал и како контрацептивно средство, деновиве е ставен под сериозна опсервација во Франција, откако 5 девојчиња починале по употреба на истиот, додека една девојка во Хрватска одвај спасила жива глава откако добила тромбоза на раката.
Но во Македонија, барем според Бирото за лекови, нема место за паника. Кај нас, лекот се користел исклучиво за својата намена.„Лекот ДИАНЕ 35 во Република Македонија не е регистриран како контрацептивен лек и погрешно е ако тој лек…
Пожарот што избувна на скопски Бит пазар започнал од колонијална продавница и се проширил на другите дуќани.Во продавницата каде што избувнал пожарот можеа да се видат остатоци кои доста лесно горат.Огнот го забележале лицата кои го обезбедуваат пазарот и веднаш пријавиле во противпожарната служба.Утрово местото на пожарот беше обележано со полициски ленти, а истражните органи вршеа увид на самото место.Дел од пазарот утрово немаше струја, но тезги има како и секој ден, а пазарџиите работат.Трговецот Џафир Четовиќ, кој изнајмувал еден од дуќаните што изгореа во пожарот, вели дека продавал т…
Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчераутро ограбил бензинска пумпа во Струга, од која однел плен од околу 27.000 денари.Грабежот се случил околу 3 часот, кога разбојникот влегол во просториите на бензинската пумпа „Уника“ и го вперил оружјето во вработениот К.Д. (32).Откако го репетирал пиштолот, маскираниот арамија му рекол на вработениот да му ги даде парите, кој, пак, исплашен за својот живот, веднаш му ја фрлил чантата во која веќе биле спакувани парите од дневниот промет.Разбојникот со пленот побегнал од местото, а К.Д. го пријавил случајот во полиција, која трага по сторителот….
За четири пати е зголемен извозот на македонското грозје во Русија, објави бизнис порталот “Росијинвест“.Со ова зголемување, земјава се позиционираше на 14-тото место меѓу земјите од кои Руската Федерација најмногу увезува грозје.Во текот на 2012 година, на рускиот пазар се извезени 1.422 тони трпезно грозје чија вредност е над 870.000 евра, а најголем дел од извозот е реализиран во октомври.Вкупната размена на земјава со Русија, во текот на изминатата година, беше вкупно 393,5 милиони долари, од кои на увозт отпаѓаат 360,3, а на извозот над 33 милиони долари.{loadposition content9}