Апр 23, 2013

Советот на министри на ЕУ за Македонија ќе решава во јуни

Советот на министри на Европската Унија во јуни ќе одлучува дали на Македонија да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори.На вчерашниот состанок во Луксембург, Советот ја одложи одлуката за нашата држава, што значи дека конечниот исход ќе го дознаеме на самитот закажан за 28 јуни во Брисел.По завршувањето на состанокот, заменик-претседателот на ирската влада и министер за надворешни работи Емон Гилмор, како претседавач со Советот за општи работи, посочи дека на министрите за надворешни работи им биле претставени извештаите на Комисијата за Македонија, за Србија и за Косово, но…

Апр 22, 2013

Завршија Локалните избори 2013?!

Со 14.566 гласови за Жерновски, наспроти 11.760 за актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, од опозицискиот штаб јавија дека Жерновски извојувал победа во Центар со разлика од 3038 гласови.Честитка му упати ИлијаДимовски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во две од четирите општини на вчерашното гласање.Демократската партија на Албанците во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села.По прегласувањето на вториот круг во девет избирачки места во општината, Села ја задржа големата предност …

Апр 18, 2013

Македонските бранители и мисијата АЛТЕА

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 59. седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА.Во насока на продлабочување на соработката и придонесот на земјата кон мировната операција предводена од Европската унија, Република Македонија го продолжува учеството во ЕУФОР, АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ќе биде испратен уште еден медицински тим во состав од десет припадници на Армијата и еден офицер-правен советник за работа во Команд…

Апр 17, 2013

Македонија земја на гостопримството

Светскиот економски форум, во својот најнов извештај ја прогласи Македонија за четврта земја во светот според гостопримливоста за туристи.Меѓу бројните анализи објавени во “Travel and Tourism Competitiveness Report 2013” има и рангирање на земјите според “Односот на популацијата кон посетителите од странство.”Најпријателска држава за туристи во светот е Исланд, Нов Зеланд е на второ, Мароко е на трето, а зад нас на петтото место е Австрија. На другата страна на листата, како најмалку пријателски расположена кон туристи е наведена Боливија, а по неа следуваат Венецуела, Русија, Кувајт и Лето…

Апр 16, 2013

Македонија се надева на позитивен извештај од ЕК

Се очекува Европскиот совет на Самитот во јуни, најдоцна во декември ќе додели датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.Македонија ќе има позитивен извештај од ЕК, а Европскиот совет на Самитот во јуни, најдоцна во декември ќе додели датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави за агенцијата МИА европратеникот Бернд Поселт. Германскиот пратеник во Европскиот парламент Бернд Поселт, непосредно пред средбата со комесарот за проширување Штефан Филе, кој попладнево ќе го објави извештајот за Македонија, рече:„Ја видовте изгласаната драфт-Резолуција изгласана …

Апр 16, 2013

Втор изборен круг во Струга и Центар

Управниот суд уважи дел од тужбите на владејачката партија. Откако ДИК ги офрли приговорите, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 8 тужби за Струга и 34 за општина Центар.Вчера вечер и СДСМ поднесе 60 тужби. Тие ги оспоруваат одлуките на ДИК за Скопје, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Велес, Битола, Богданци, Кочани и Јегуновце.Досега судот како неосновани отфрли 4 тужби од ДУИ за Студеничани и 30 од ВМРО-ДПМНЕ за Куманово.Во меѓувреме претседателот на Управниот суд, Исамедин Лимани поднесе оставка поради како што дознаваме уважените тужби за Струга. {loadposition content9}

Апр 15, 2013

Државата против „Белата чума“

Предложени се конкретни мерки и препораки за решавање на проблемот со наталитетот во држвата. Стратегијата се заснова на три елементи, бројност, прираст и дистрибуција на население, природни и механички движења, како и семејство бројност и домаќинства. Ректорот Велимир Стојковски вели дека засега неможе да се откријат повеќе детали, крајниот збор за прифаќање на мерките сепак ќе го има Владата. Еден дел од старатегијата се однесува и на миграцијата село-град.Според последните податоци на заводот за статистика, од 2006 досега, за седум години има 33 ијлади ученици помалку во основното образо…

Окт 22, 2021

17 отсто од починатите од Ковид-19 биле вакцинирани

Во период од 06 август заклучно со 21 октомври на територија на државата 42.945 граѓани биле позитивни на Ковид- 19, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, соопшти денеска Министерството за здравство. Според нив голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистиката за изминатиов период 31.692 граѓани, односно 74 отсто од позитивните на Ковид -19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top