Ное 5, 2021

Пензиските друштва ќе ги едуцираат младите

На денешната прес конференција трите пензиски друштва го одбележаа почетокот на кампањата „Засади желба за поубава иднина“ која има за цел да ги едуцира и активира младите. Едукативни и информативни кампањи за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд се организираат веќе 6 години наназад од страна на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје и се насочени кон целото население. Но, оваа година пензиските друштва прават чекор повеќе со кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ во чии рам…

Окт 7, 2013

Пад на цената на горивото

Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од вечерва на полноќ се намалуваат за 1,5 денари.Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари со што цената на ЕУРОДИЗЕЛ е 69,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,5 денари за литар со што таа изнесува 58 денари. Малопродажната цена на мазутот изне…

Окт 3, 2013

Сексуално образование, ДА или НЕ?

„За последен први септември без сеопфатно сексуално образование“ е мотото под кое денеска Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување -ХЕРА во Скопје ги повикува граѓаните да се потпишат на петиција во која се бара воведување на сексуално образование во училиштата.Драшко Костовски од ХЕРА информира дека сите предуслови за ваков предмет се остварени. Тие имаат изготвено рамка за сеопфатно образование изработена од стручни лица и од Министерството за образование и наука(МОН), имаат три стратегии во кои се предвидува воведување на сексуалното образование кои се потпишани од Владата на…

Окт 2, 2013

Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Струга – Дебар

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Струга-Дебар загина 29-годишниот Агрон К. од Струга.Несреќата се случила околу 3 часот и 50 минути во близина на струшкото село Велешта. Стружанецот кој управувал автомобил БМВ изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од куќа по што починал на лице место.Повреден е и неговиот сопатник, 42-годишниот Б.В кој бил веднаш  пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Струга.{loadposition content9}

Окт 1, 2013

Расте бројот на заболени од рак на дојка во Македонија

Во Македонија годишно има по 700 нови пациенти со дијагностициран карцином. До пред неколку години, оваа бројка изнесуваше само 100. Годишно се оперираат по 400 жени.Според последните податоци на Светската здравствена организација, со преку 7,6 милиони случаи годишно, малигните заболувања се водечка причина за смртност во светот.Предвидувањата на СЗО е дека смртните случаи предизвикани од малигни заболувања до 2030-та година ќе ја достигнат бројката од 11 милиони жители.Во Македонија малигните неоплазми се на второ место во структурата на причините за смрт на населението, веднаш по кардиова…

Окт 1, 2013

Журка: Oсум часа македонска музика

Собранието го донесе законот за авторски и сродни права, со кој е утврдено дека сите телевизии ќе мора да пуштаат осум часа неделно македонска музика. Со измените, Владата на Република Македонија ќе ја носи предлог тарифата по која ќе се наплаќа за авторските права, но притоа ќе се има предвидид и фондот за снимање нова македонска музика заради обврската да се пушта македонска музика.- Системот за електронско евидентирање на авторските дела ќе овозможи правилно наплаќање на авторските права. Доколку тој не се инсталира во радиотелевизиските организации предвидена е глоба во вредност од 20 д…

Сеп 30, 2013

Денес се слават верата, надежта, љубовта и мудроста

Православните христијани денес го прославуваат денот на светите маченички Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија.Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Гос…

Сеп 30, 2013

Петнаесет години МИА

На 30 септември 1998 година, Македонската информативна агенција (МИА), започна со редовна продукција.„Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што МИА ја емитуваше.МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.Агенцијата дневно продуцира од 300 до 350 вести на македонски, англиски и албански јазик, но освен вестите продуцира и специјални тематски потсервис…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top