Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на не…
Загадувањето на воздухот во скопскиот, тетовскиот, кичевскиот и битолскиот регион предизвика зголемување на тегобите кај хронично болните лица кои имаат пулмолошки или кардиоваскуларни проблеми.Како што потенцираат од скопската итна медицинска помош, деновиве, кога е актуелно загадувањето на воздухот, медицинските екипи регистрираат и од 90 до 110 јавувања во текот на едно деноноќие.- Олкав број јавувања е вообичаено за овој период од годината, бидејќи декември е карактеристичен за овие проблеми. Не очекуваме во наредните денови да има драстично зголемување на јавувањата, бидејќи сметаме де…
Ловот на сом не е карактеристичен за Преспанското Езеро, кое е попознато по Преспанскиот крап, но се случува на неколку години.Според зборовите на ихтиологот Живко Џуровски, сомот не е автохтон, но секако постои можност да се населил во Преспа со некое порибување кое се вршело од поодамна во Преспанското Езеро.- Големината покажува дека условите за живот му одговараат, изјави Џуровски.Поради фактот што ловот е забранет, сопстениците на трофејот остануваат анонимни, а сомот е веќе продаден.{loadposition content9}
Од задутре лековите на позитивната листа ќе се издаваат со нови референтни цени – на 170 лекови им се намалува доплатата, а на 110 од нив им се намалува и партиципацијата, а 21 лек што се користат во 15 нови терапии првпат ќе бидат достапни без доплата. Тоа се препарати за кардиоваскуларни, ревматски и за заболувања на тироидната жлезда, аналгетици, антибиотици, како и за дигестивни нарушувања. Директорката на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева-Змејкова, вчера нагласи дека ова е четврта ревизија на цените, што ќе значи годишна заштеда на Фондот од 88 милиони денари, а за пациентите од 31…
Нема веќе пушење на погреби или парастоси, односно секогаш кога е присутно свештено лице кое извршува служба. Ова важи и покрај фактот што се работи за отворен простор, поповите сметале дека пушењето не е соодветно, пишува весникот Вест.Со пушење на погреб и задушница се сквернават светите служби и се пропагира зависноста кон пороци, велат свештениците– објавува „Вест“ во денешното издание.Според весникот оваа одлука веќе стапила на сила, и од неодамна поповите веќе им наредувале на верниците кои се присутни на службата веднаш да ги фрлат цигарите. Поповите дури и велеле дека ако сакаат да …
Преголемата загаденост со чад и прав која достигнува и до 18 пати над дозволеното во главниот град на Македонија е причина за нарушување на човековото здравје на Скопјани.Имано последните мерења покажале дека часовната концентрација на честичките со дијаметар помал од 10 микрометри го урнале скопскиот рекорд зимава достигнувајќи 900 микрограми на кубен метар воздух, а среднодневната концентрација во саботата на оваа мерна станица изнесуваше фрапантни 494 мцг/м3. Часовните концентрации на ПМ10 во Центар и во Kарпош достигнуваа до 600 мцг/м3, а среднодневната концентрација на овие места изнес…
Утврдени се три случаи на грип од типот А Х1Н1, потврдија денеска во Институтот за јавно здравје. Се работи за деца на возраст од 13 години од Тетово. Од анализираните 12 примероци на вирус на грип, кај овие деца е утрвден вирусот од типот А Х1Н1. Станува збор за лесна клиничка слика.Од Институтот велат дека случаите на грип се во пораст, неделно се пријавуваат по околу 60 нови случаи, а вкупно досега се регистрирани 432 случаи, најмнолгу во Скопје. Овој тип на вирус ќе премине во сезонски, велат во институтот и пиотсетуваат дека повеќе годиини циркулира низ Европа.{loadposition content9}
Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании.
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе и се предложи на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот.
Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со ед…