Амбасадорот Герт-Хајнрих Аренс, шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на престојните претседателски избори во Македонија денеска во Скопје ќе ги претстави улогата и активностите на мисијата. Со тоа тоа ќе биде официјализирано отворањето на Набљудувачката мисија за избори на канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ за претседателските избори во Македонија на 13 април годинава.Повеќе од 300 набљудувачи на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе ги мониторираат претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат следниот…
Министерството за труд и за социјална политика го објави списокот на лица, корисници на пензија, кои ќе ја користат услугата на бањско-климатска рекреација за 2014 година.Списоците со податоци за корисници на пензија се објавени и на веб-страницата на Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување на Македонија, а корисниците коишто ќе ја користат услугата ќе добијат и известување за терминот и бањата каде што може да ја користат услугата.Барањата за користење на услугата се поднесувааа во филијалите на Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување на Македонија, а изборот на корисниците …
Според податоците кои се објавени од Меѓународната агенција за истражување на ракот ГЛОБОКАН, во 2012 година во Македонија се детектирани 1.152 нови случаи на рак на дојка, а 431 се починати, изјави денеска претседателот на Здружението за борба против рак „Борка“, Биба Додева.Таа денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, а претставници на „Борка“ на пациентките им поделија подароци.Додева посочи дека станува збор за навистина енормно зголемување на бројот на заболени од рак на дојка од оној број…
Од 2015 година, со почнување на третата и последна фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, ќе имаме можност да користиме дневна евтина тарифа за струја, пренесува Дневник.Ваквата понуда ќе важи и за оние граѓани кои самите ќе си изберат од која фирма ќе сакаат да се снабдуваат со електрична енергија.-Во трка за потрошувачи, фирмите се подготвени да понудат поволни услови, а еден од нив е и враќање на дневната евтина тарифа, вели за весникот Кочо Анѓушев сопственик на „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), една од фирмите која ќе снабдува на пазарот.{loadposition content9}
Колку пари ќе чини рекламирањето за претстојните претседателски и пшредвремени парламентарни избори? Неофицијалните податоци зборуваат дека цената за закуп на рекламно пано или билборд се движи од 100-1.500 евра, во зависност од локацијата, големината и времетраењето на закупот.Казна од 50 евра е предвидена за сите кои ќе лепат изборни плакати на јавни или приватни површини.Односно секој обид за лепење на истите на бандери, огради или фасади ќе се смета за прекршување на законот и ќе се санкционира со парична казна. За информацијата дали градските власти во Охрид ги одредија локациите на…
Собранието на Македонија на денешната 87. седница со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав.Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе ДУИ откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Македонија.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори. Опозициските СДСМ и НСДП исто така ја прифатија иницијативата на ДУИ. {loadposition content9}
До 15-ти овој месец задолжителното е носењето на зимската опрема во моторните возила. Јавното претпријатие „Македонија пат“ ги потсетува возачите дека без оглед на моменталната временска состојба се уште е на сила законската одредба за задолжителното носење на зимска опрема во возилата.Според Правилнкот за задолжителна опрема во возилото од 03.03.2010, под зимска опрема се подразбира : 1.9 Зимска опрема Член 11(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира: – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите…
Во пресрет одбележувањето на педесетгодишнината од смртта на Милтон Манаки, организаторите сметаат дека филмските материјали иако се целосно сочувани, дигитализирани и ставени под заштита во депото на Кинотека на Македонија, сепак постои можност да се пронајдат и други, засега непознати остварувања на првите сниматели на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки. Ова беше речено на денешниот прес, а очекувањата се дека тави откритија можат да бидат понудени на Светскиот конгрес на кинотеките, што ќе се одржи во мај месец во Скопје.„Има работи што се уште не се доистражени, иако филмскио…